Причината за зголемувањето на цените се должи на измената на трговските регулативи и високите царини што ги воведува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во официјалното известување што компаниите го испратија до корисниците ширум светот, се наведува дека оперативните трошоци пораснале поради промените во глобалната трговска политика, и дека новите цени се неопходни за одржување на квалитетот на производите.
„Поради неодамнешните измени во правилата и царините поврзани со глобалната трговија, нашите оперативни трошоци значително се зголемија. За да продолжиме да ви ги нудиме производите што ги сакате, без компромиси во поглед на квалитетот, ќе извршиме прилагодување на цените почнувајќи од 25 април 2025 година“, се вели во соопштението.
Компаниите Shein и Temu, кои нудат широк асортиман на производи – од облека и играчки до технолошки уреди – во последниве години бележат огромен раст на американскиот пазар, делумно благодарение на т.н. „de minimis“ исклучок. Тоа правило им овозможуваше на пратките со вредност до 800 долари да влезат во САД без плаќање царина.
Со извршна наредба која стапува на сила на 2 мај, се затвора т.н. царинска „дупка“ преку која кинеските производи досега влегуваа во Америка без дополнителни трошоци.
Поради тоа, од Shein и Temu им порачаа на своите корисници да побрзаат со нарачките и да ги искористат актуелните поволни цени додека сè уште имаат шанса.
Извор: bizlife.rs