Microsoft

Повеќе

Microsoft претстави проширена понуда на суверени cloud решенија за европски организации, вклучувајќи нови услуги како Data Guardian, External Key Management и Microsoft 365 Local. Целта е да се обезбеди целосна контрола врз податоците, локално чување на информациите и оперативна независност – преку јавен, приватен и партнерски облак во согласност со законите на ЕУ.
OpenAI и Microsoft – два технолошки гиганта кои досега делуваа како сојузници во развојот на вештачката интелигенција — би можеле наскоро да ја редефинираат својата соработка. Според информации објавени од TechCrunch, во тек се преговори кои би можеле значително да ја променат сопственичката структура и природата на односите меѓу овие компании.
Во свет што се менува со невидена брзина, технологијата стана двигател на сите индустрии, а вештачката интелигенција е срцето на таа трансформација, Microsoft стана една од највлијателните компании во историјата на ИТ секторот и оваа година го одбележува своето 50-годишно постоење.
Извештајот на Microsoft „Work Trend Index 2025“ ја најавува појавата на компании лидери и означува нова ера на динамика во работната сила. Извештајот нагласува дека интелигенцијата „на побарување“, хибридните тимови составени од луѓе и AI агенти, како и променливите структури на работните места, радикално ги менуваат деловните операции и стратегиите за управување со таленти.
Технолошкиот гигант Епл повеќе не е највредна компанија во светот, откако Мајкрософт вчера ја престигна, бидејќи инвеститорите реагираат на стравувањата од влијанието на огромните американски царини за кинескиот увоз.
All articles loaded
No more articles to load