Зошто на компанијата META ѝ пречи ЕУ актот за вештачка интелигенција?

Meta се повлече од потпишување на ЕУ Кодексот на практика за модели на вештачка интелигенција од општа намена, тврдејќи дека предложената рамка ги надминува законските граници и претставува закана за иновациите. Нивниот потег го отвора клучното прашање: каде е границата помеѓу регулацијата и задушувањето на развојот на вештачката интелигенција?.

meta-4030-fi

Извор: DALL-E3

Под притисок да ги усогласат своите модели со првиот сеопфатен закон за вештачка интелигенција во светот, многу технолошки компании се согласија доброволно да се обврзат на дополнителни мерки за транспарентност и одговорност. Сепак, Meta јасно стави до знаење дека нема да го стори тоа. Клучната причина е дека тие веруваат дека Кодексот на практика е нејасен, премногу амбициозен и потенцијално штетен за понатамошниот развој на вештачката интелигенција, особено на отворените модели.

Спорни обврски за META AI развивачите

Европскиот AI Aкт воведува обврски за компаниите што развиваат модели од општа намена, како што е барањето јавно да се објават информации за податоците користени за тренирање, вклучително и дали се заштитени со авторски права. За Meta, ова е нереално, особено во контекст на open-source модели како Llama 2 и 3.

Уште една спорна точка е барањето за проценка на ризици што моделите може да ги предизвикаат од ширење дезинформации до дискриминаторно однесување. Meta тврди дека развивачите не можат да бидат одговорни за начинот на кој корисниците ги користат нивните модели, особено кога тие модели се јавно и слободно достапни, објави порталот Theaiinsaider.

Компанијата исто така изразува загриженост поради нејасната граница меѓу оние што развиваат AI модели и оние што ги имплементираат. Кодексот, како што наведуваат, воведува обврски што тешко се применуваат во пракса и дополнително ги оптоваруваат компаниите кои веќе ги почитуваат основните законски одредби.

Ризик од задушување на иновациите

Еден од главните аргументи што Meta ги истакнува е ризикот од прекумерна регулација. Иако AI Aктот сè уште не е целосно во сила, Кодексот на практика, како преодна и доброволна мерка, воведува низа нови очекувања. Meta предупредува дека тоа може да го обесхрабри истражувањето и развојот во Европа, особено кога станува збор за отворени модели, и дека пазарот би можел да се насочи кон позатворени, комерцијални решенија.

За разлика од Meta, Microsoft и OpenAI ја изразија својата подготвеност да го потпишат Кодексот. Тоа дополнително ја комплицира пазарната рамнотежа и го поставува прашањето, дали построгите европски правила ги фаворизираат затворените AI модели, а ги ограничуваат слободните, open-source алтернативи?

Додека ЕУ се стреми да го уреди AI секторот преку јасна правна рамка и етички правила, Meta испраќа порака дека рамнотежата е нарушена. Во позадина на оваа дебата лежи поширокото прашање како да се обезбеди безбеден развој на AI, а притоа да не се задуши иновацијата. Исходот од овој судир би можел да ја одреди технолошката иднина на континентот.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.