Џадсон Алтоф:
„Денес го правиме следниот чекор во зајакнување на нашите дигитални обврски кон Европа, со цел да им овозможиме на корисниците поголем избор, повеќе контрола врз приватноста на податоците и најсилна дигитална отпорност досега. Потпирајќи се на нашето 42-годишно присуство во Европа, ги прошируваме активностите преку Microsoft Sovereign Cloud. Оваа понуда ги опфаќа и јавниот облак и приватната дигитална инфраструктура, овозможувајќи им на корисниците да изберат вистинска рамнотежа меѓу контрола, усогласеност и функционалност според сопствени потреби.“
Во рамките на ова проширување се најавуваат: Data Guardian за европски операции, External Key Management за енкрипција контролирана од корисникот, Regulated Environment Management за поедноставена конфигурација, Microsoft 365 Local за клучни продуктивни услуги во приватни облаци
Овие решенија комбинираат продуктивност, безбедност и cloud технологија, дизајнирани да им овозможат на европските организации раст, конкурентност и лидерство под сопствени услови – преку суверен јавен облак, суверен приватен облак и национални партнерски облаци.
Суверен јавен облак
Врз основа на искуството во испорака на решенија за сувереност кои ги задоволуваат потребите на регулативите и јавните институции, Суверениот јавен облак е еволуција на Microsoft Cloud for Sovereignty и ќе биде достапен во сите постоечки региони на дата-центри во Европа, за сите европски корисници.
Услугите вклучуваат: Microsoft Azure, Microsoft 365, Microsoft Security и Power Platform.
Суверениот јавен облак обезбедува: податоците да остануваат во Европа, податоците подложни само на европски закони, операции и пристапи што ќе ги управува европскиот персонал, енкрипцијата под целосна контрола на корисникот.
Сето ова е достапно за сите оптоварувања во европските региони и не бара миграција
Суверен приватен облак со Azure Local и Microsoft 365 Local
Microsoft Sovereign Private Cloud поддржува оптоварувања што бараат соработка, комуникација и виртуелизација во средини под целосна контрола на корисникот. Решението ги интегрира Microsoft 365 Local и безбедносната платформа со Azure Local, нудејќи исти можности за хибридни или изолирани средини, со цел исполнување на барањата за отпорност и континуитет на бизнисот.
Извор: microsoft
Национални партнерски облаци во Франција и Германија
Во Франција, Microsoft има договор со Bleu (заедничко вложување на Orange и Capgemini), за услуга „cloud de confiance“ за јавниот сектор и критична инфраструктура, што ги исполнува барањата на SecNumCloud.
Во Германија, договорот со Delos Cloud (филијала на SAP) овозможува суверен облак за германскиот јавен сектор, во согласност со барањата на германската влада.
Data Guardian
Нашата „EU Data Boundary“ веќе овозможува чување и обработка на податоци исклучиво на европска инфраструктура. Data Guardian додава дополнителен слој на заштита, овозможувајќи само на европски Microsoft персонал да управува со далечински пристап. Секој пристап од инженери надвор од Европа е одобрен, надгледуван од европско лице и евидентиран во лог што не може да се менува.
External Key Management
Овозможува корисниците да го поврзат Azure со енкрипциски клучеви што самите ги чуваат – локално или преку доверлива трета страна. Microsoft соработува со производители на HSM уреди како Futurex, Thales и Utimaco.
Regulated Environment Management
Оваа услуга овозможува централизирано управување со сите претходно споменати функции (како што се Data Guardian политики или преглед на пристапни логови). Таа ќе биде клучна за конфигурација и надзор на оптоварувања во Суверениот јавен облак.
Microsoft 365 Local
Овозможува корисниците да ги користат Microsoft серверските апликации во сопствени дата-центри – со поедноставена имплементација и целосна контрола над безбедноста и усогласеноста. Решението е базирано на валидирана референтна архитектура и работи преку Azure Local, со можност за користење на Exchange Server, SharePoint Server и други апликации во целосно суверена околина.
Градиме партнерска екосистема за суверен облак и вештачка интелигенција во Европа
Microsoft најавува нова специјализација во рамки на Microsoft AI Cloud Partner Program, што им овозможува на европските корисници полесно да ги идентификуваат партнерите со докажани капацитети за имплементација на суверени решенија.
Партнери во тест-фазата: Accenture, Arvato, Atea, Atos, Crayon, Capgemini, Dell Technologies, IBM, Inspark, Infosys, Lenovo, Leonardo, NTT Data, Orange, Telefónica, Vodafone.
Ајман Езат, CEO на Capgemini:
„Лансирањето на Microsoft Sovereign Cloud е клучен момент за зајакнување на европските институции и индустрии со контрола, усогласеност и иновации. Како ко-власници на Bleu, веќе воспоставивме национален партнерски облак во Франција, во согласност со барањата на државата. Нашето искуство со Microsoft технологии и работа во регулирани сектори нè прави идеален партнер за европската дигитална иднина.“
Реализација на дигиталните обврски кон Европа
Microsoft Sovereign Cloud се потпира на европските дигитални обврски и нуди најдобар спој на избор, контрола и отпорност за корисниците во Европа. Компанијата ја нуди најшироката понуда на суверени решенија на пазарот и постојано бара нови начини да обезбеди дополнителни гаранции за безбедно работење.
Во време на геополитички предизвици, Microsoft останува посветен на дигитална стабилност и отворен дијалог со корисниците, носителите на политики и регулаторите.
Извор: wem-mind.rs