Microsoft

Повеќе

OpenAI и Microsoft – два технолошки гиганта кои досега делуваа како сојузници во развојот на вештачката интелигенција — би можеле наскоро да ја редефинираат својата соработка. Според информации објавени од TechCrunch, во тек се преговори кои би можеле значително да ја променат сопственичката структура и природата на односите меѓу овие компании.
Во свет што се менува со невидена брзина, технологијата стана двигател на сите индустрии, а вештачката интелигенција е срцето на таа трансформација, Microsoft стана една од највлијателните компании во историјата на ИТ секторот и оваа година го одбележува своето 50-годишно постоење.
Извештајот на Microsoft „Work Trend Index 2025“ ја најавува појавата на компании лидери и означува нова ера на динамика во работната сила. Извештајот нагласува дека интелигенцијата „на побарување“, хибридните тимови составени од луѓе и AI агенти, како и променливите структури на работните места, радикално ги менуваат деловните операции и стратегиите за управување со таленти.
Технолошкиот гигант Епл повеќе не е највредна компанија во светот, откако Мајкрософт вчера ја престигна, бидејќи инвеститорите реагираат на стравувањата од влијанието на огромните американски царини за кинескиот увоз.
Microsoft претстави нова технолошка демонстрација на вештачка интелигенција преку легендарниот наслов на играта Quake II, чие ниво е генериранo со помош на ВИ модел. Иако претставува голем исчекор кон иднината на гејмингот, сепак демото доаѓа со одредени технички ограничувања, поради што компанијата го нарекува експериментален.
Една од најпознатите изјави на Џобс, често споменувана во контекст на неговите ставови за Бил Гејтс, гласи: „Мислам дека тој и Microsoft имаат малку потесен поглед на нештата. Верувам дека би размислувал пошироко доколку како млад заминеше во храм.“
All articles loaded
No more articles to load