Microsoft го укинува легендарниот „Син екран на смртта“

Технолошкиот гигант Microsoft по повеќе од четири децении се збогува со својот препознатлив „Син екран на смртта“ (Blue Screen of Death – BSOD). Наместо добро познатата сина позадина што се појавуваше при сериозни грешки во системот, корисниците наскоро ќе гледаат – црн екран. Компанијата оваа одлука ја соопшти преку објава на својот блог, претставувајќи пошироки мерки за зголемување на стабилноста и отпорноста на оперативниот систем Windows.

microsoft-3853-fi

Извор:Printscreen/Youtube/Speedy Tutorials

„Сега е полесно од кога било досега да се надминат неочекувани рестартирања и побрзо да се вратите на работа“, стои во соопштението на Microsoft.

Оваа промена доаѓа по големиот инцидент со CrowdStrike во 2024 година, кој предизвика глобален IT колапс и пад на милиони Windows системи ширум светот.

Што се менува со новиот екран?

„Синиот екран на смртта“ се појавуваше секогаш кога ќе настанеше критична системска грешка која бараше итно рестартирање на уредот, со цел да се спречи губење на податоци. Тој екран – симбол на фрустрација за многу корисници – беше придружен со технички кодови и икона од тажно лице.

Сега, Microsoft го поедноставува ова искуство. Новиот екран за грешки ќе има пократка порака и ќе биде прикажан на црна позадина. Наместо тажно емотиконче, ќе се прикажува процентот на напредок на рестартирањето.

microsoft-3853-ps1

Слика од новиот екран. Извор: microsoft

„Вашиот уред наиде на проблем и ќе мора да се рестартира“ – гласи пораката што ќе се прикажува, според примерот објавен од Microsoft.

Овој нов и минималистички интерфејс за неочекувани рестартирања ќе биде достапен подоцна летово, како дел од новата верзија Windows 11 (24H2). Се очекува променава да ги намали вознемирувањата кај корисниците и да понуди посовремено, помалку застрашувачко корисничко искуство.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.