Данските градови се откажуваат од услугите на американскиот ИТ гигант

Градската управа на Копенхаген, главниот град на Данска, донесе одлука за целосно прекинување на користењето на алатките и системите на Microsoft во секојдневното работење.

danska-3744-fi

Извор: Pexels

Оваа значајна промена стапува на сила од 1 јули 2025 година, со што ќе се стави крај на повеќегодишната зависност од решенијата на американската компанија.

Копенхаген не е единствен. Орхус – вториот по големина град во Данска и нејзино најпрометно пристаниште – веќе успешно ја заврши транзицијата и целосно се откажа од услугите на Microsoft.

Градот со 330.000 жители ги префрли своите податоци на cloud инфраструктура на германски провајдер, иако конкретни информации за новиот партнер не се објавени јавно.

Причините за ваквиот радикален чекор се јасни. Цените на услугите на Microsoft во последниве пет години пораснале за дури 72%, што за данските општини претставува неприфатлив и неодржлив трошок.

Сепак, не се работи само за пари – данските власти отворено изразуваат загриженост и поради можните политички влијанија на Доналд Трамп врз Microsoft.

Како што објави весникот Politiken, властите на Копенхаген се плашат дека Трамп би можел да изврши притисок врз компанијата да ги ограничи своите услуги надвор од САД.

danska-3744-ps1

Извор: Pexels

„Ако се појави геополитички конфликт, директно ќе се одрази врз нашиот ИТ систем. Ќе останеме без пристап до e-mail, cloud податоци, а комуникацијата ќе биде сериозно нарушена“, пренесува Politico изјави на дански медиуми.

Тест за европската дигитална автономија

Преминот кон европски ИТ алтернативи не минува без предизвици. ИТ службите во Орхус пријавуваат дека вработените тешко се навикнуваат на новите системи. Тие признаваат дека Microsoft сè уште е далеку пред конкуренцијата кога станува збор за корисничко искуство – германската алтернатива е поспора и помалку интуитивна.

Овие потези треба да се гледаат во поширокиот контекст на заложбите на Данска за дигитална самостојност. Од 1 јули, Данска го презема ротирачкото претседателство со Европската унија од Полска, и најави дека дигиталната независност ќе биде еден од нејзините приоритети.

Копенхаген и Орхус најверојатно ќе послужат како пилот-проекти за поширока европска стратегија за намалување на зависноста од американските технолошки гиганти.

Успехот на оваа „дигитална транзиција“ би можел да го одреди идниот правец на европските политики во областа на технолошката самостојност. Прашањето е: дали Европа конечно ќе успее да создаде одржливи алтернативи за американската технолошка доминација?

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.