Ако одамна не сте направиле пресметка колку дигитални претплати моментално плаќате, веројатно ќе се изненадите. Стриминг сервиси, софтверски пакети, игри, AI алатки, паметни часовници за здравје и фитнес… списокот е долг, a на тој список секако треба да го додадете и cloud просторот.
Microsoft
Повеќе
Meta се повлече од потпишување на ЕУ Кодексот на практика за модели на вештачка интелигенција од општа намена, тврдејќи дека предложената рамка ги надминува законските граници и претставува закана за иновациите. Нивниот потег го отвора клучното прашање: каде е границата помеѓу регулацијата и задушувањето на развојот на вештачката интелигенција?.
Microsoft го претстави својот напреден систем базиран на вештачка интелигенција, кој според интерните тестирања би можел од основа да го промени начинот на медицинска дијагностика.
Технолошкиот гигант Microsoft по повеќе од четири децении се збогува со својот препознатлив „Син екран на смртта“ (Blue Screen of Death – BSOD). Наместо добро познатата сина позадина што се појавуваше при сериозни грешки во системот, корисниците наскоро ќе гледаат – црн екран. Компанијата оваа одлука ја соопшти преку објава на својот блог, претставувајќи пошироки мерки за зголемување на стабилноста и отпорноста на оперативниот систем Windows.
Microsoft претстави проширена понуда на суверени cloud решенија за европски организации, вклучувајќи нови услуги како Data Guardian, External Key Management и Microsoft 365 Local. Целта е да се обезбеди целосна контрола врз податоците, локално чување на информациите и оперативна независност – преку јавен, приватен и партнерски облак во согласност со законите на ЕУ.
All articles loaded
No more articles to load