burnout

Повеќе

Согорувањето на работа (burnout) станува сè поголем проблем низ различни индустрии. Светската здравствена организација веќе го призна како „професионален феномен“, нагласувајќи дека тоа не е само личен, туку и сериозен деловен предизвик.
Иако во последниве години сè почесто се зборува за burnout, тој и натаму останува невидлива здравствена закана. Луѓето кои поминуваат низ состојба на професионално прегорување често чувствуваат срам и ретко отворено зборуваат за своите искуства.
Се сеќавате кога со возбуда почнавте да го работите токму ова што го работите сега? Или можеби едноставно беше добра прилика, па само влеговте во бубањот. Но сега, додека гледате во екран, каса, табла или кој и да е вашиот „работен пејзаж“, не можете да се отргнете од впечатокот дека сте заглавени на истото место предолго.
Burnout не познава години и работни позиции – ја чувствуваат сите, од почетници до среден менаџмент, па сè до највисоките управни позиции. Но, една генерација особено ги чувствува последиците од хроничниот стрес. Според неодамнешен извештај на компанијата Aflac, околу 66% од миленијалците пријавуваат умерено до високо ниво на burnout на работното место . Веднаш зад нив се генерацијата X со 60%, а потоа следува генерацијата Z со 56%. Најмал процент на burnout пријавуваат бејби-бумерите, само 39%.
Да ја сакаш својата работа може да биде опасно. Имено, како што предупреди професорот од бизнис школа на Харвард, Џон М. Јахимович, кога сте страстни за нешто, сакате да му го посветите цело свое време, да работите повеќе отколку можете, а тоа може да предизвика прегорување (burnout).
„Тоа е тоа, прегoрев/изгорев.“ Колку пати сте се нашле вие или другите во оваа состојба? Со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека 76 проценти од вработените некогаш доживеале „burnout“ на работа – а тоа се три од четворица вработени, додека 28 проценти од нив доживуваат „burnout“ многу често или постојано (Галуп 2020) – верувам дека сте имале блиска средба со оваа ситуација.
All articles loaded
No more articles to load