Љубовта кон работата може да биде опасна

Да ја сакаш својата работа може да биде опасно. Имено, како што предупреди професорот од бизнис школа на Харвард, Џон М. Јахимович, кога сте страстни за нешто, сакате да му го посветите цело свое време, да работите повеќе отколку можете, а тоа може да предизвика прегорување (burnout).

rabota-2314-fi

Извор: Pixabay

Истражувајќи го ова прашање, Јахимович интервјуирал 200 успешни личности – од спортисти, уметници до извршни директори од листата на 500 извршни директори, која ја состави бизнис списанието Fortune.

Сите споменати имале исто искуство – нивните амбиции порано или подоцна станувале сè поголеми, поттикнувајќи ги нивните сомнежи во себе и стресот.

„Сега се во нова фаза од животот, во која за својата страст мораат да размислуваат како за нешто со што треба внимателно да управуваат и да се грижат“, додава Јахимович.

Неговото истражување е и од личен карактер. Имено, се преселил од Велика Британија во Њујорк за да ја проучува глобалната економска нееднаквост и целото свое време го посветил на истражувањето на Универзитетот Колумбија. Страста во текот на една година се претворила во цинизам и мала ефикасност. Се чувствувал како да е изгубен без кормило.

rabota-2314-ps1

Извор: Pexels

„Ниту еден одмор нема да го поправи тоа, тоа е сигурно“, констатирал.

Според минатогодишниот извештај на компанијата Zippia, 20% од Американците сметаат дека се навистина страстен кон својата работа. Доколку спаѓате во таа категорија луѓе и сакате да останете такви, Јахимович советуваше дека е важно да поставите јасни граници и рано да ги препознаете знаците на прегорување.

Луѓето сметаат дека е подозволиво, пооправдано да им се доделат неплатени работни задачи на пострастните работници. Поверојатно е дека тие тоа ќе го доживеат како можност за раст и учење, како услуга, бидејќи се страстни кон својата работа“, истакна професорот.

Како да се избегне ударот на страста?

Од време на време може да биде корисно да одите над и подалеку во вашата работа. Меѓутоа, ако го правите тоа често, предупредува Јахимович, можете да го загрозите своето физичко и ментално здравје, чувствувајќи се преоптоварени.

rabota-2314-ps2

Извор: Freepik

Во еден момент можете да почнете да го доведувате во прашање својот труд, да забележите дека сте помалку продуктивни или дека се чувствувате емотивно исцрпени. Можеби ќе треба да одите на годишен одмор, да го намалите обемот на работа или сами да процените дали ова е кариера за вас. Тоа може да ви помогне да избегнете, како што наведе Јахимович, удар на страста.

Неговиот совет е да пронајдете работа која ви овозможува често да ги користите своите предности и да избегнувате секојдневни токсични ситуации. Овој совет го одразува и предлогот на милијардерот Марк Кубан, кој се однесува на следење на страста што ја имате во слободното време во вашата професионална кариера. Кубан ја претвори својата страст кон кошарката, која често ја играше во слободно време, во успешен бизнис, пишува CNBC.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.