Најубавите љубовни приказни почнуваат во кујната на италијански начин

Постојат кујни каде што храната е само оброк. И постојат кујни каде што храната е јазик на љубов, на нежност, на поврзаност.

ljubovni-prikazni-4944-fi

Извор: Webmind редакција

Во Италија, каде секоја трпеза е мал фестивал, ова одамна го знаат. Исто како во страниците култната  книга Јади, моли се, уживај, од Елизабет Гилберт  (која наредната година полни 20 години од првото издание!) нѐ учи најважната лекција за храната:
да се јаде значи да се живее, но да се готви заедно, тоа значи да се љуби.

1. „Dolce far niente“ – уметноста да уживаш во моментот

Италијанците велат „dolce far niente“  убавината на правењето ништо. Тоа не е мрзеливост, туку празнување. Миг кога времето забавува, а срцето се полни.

И кога готвиме заедно  со партнерот, со пријателите, со децата, токму тоа се случува.
Кујната станува пауза од светот, а храната не е задача, туку чувство. Токму затоа италијанската паста често се готви во друштво: затоа што вкусот е подобар кога се создава заедно.

2. Готвењето е тимски спорт – само посладок

Секој кој некогаш сечел кромид додека некој друг меша сос знае: кујната ги спојува луѓето како ништо друго. Еден држи тава, друг додава зачини, трет пробува „дали е солено“. Тоа се мали моменти на слога, кои граделе семејства со генерации.

Во модерниот живот, каде времето го мериме во состаноци и обврски, овие мали ритуали се нашата врска со нешто поголемо со корените, со блиските, со мирот.

3. Италијанската тајна: „Сосот зборува кој си“

Во Италија велат дека секое семејство има свој сос. Еден е зачинет, друг сладок, некој е со многу босилек, некој со тајна состојка што ја знае само бабата.

А модерната жена? Таа сака сè, кариера, дом, време за себе, и да го чува вкусот на традицијата. Затоа италијанските јадења се совршени за денешниот ритам: едноставни, брзи, а богати со душа. MAGGI Fix производите ја носат таа филозофија во денешните кујни: брзо, лесно, а сепак со вкус на нешто што бара време и љубов.

4. Мали оброци што создаваат големи спомени

Еве неколку „ритуали“ што секое семејство може да ги создаде инспирирани од италијанската традиција, но адаптирани за нашето секојдневие:

1. „Неделни сосови со потпис“ – MAGGI Bolognese Fix

Неделите се идеални за бавна паста, дури и ако е подготвена брзо. Со MAGGI Bolognese Fix, семејството може да готви заедно: едни сечат морков, други мешаат месо, трети ја пробуваат пастата. Еден оброк, многу улоги, едно семејство.

 2. „Понеделник без стрес“ – MAGGI Carbonara Fix

Топло, кремасто, италијанско. Совршено за старт на неделата, брзо и богато.
А најубаво е кога секој член на семејството додава „своја нота“: малку повеќе сирење, малку повеќе бибер… малку повеќе љубов.

3. „Вечера за спојување“ – MAGGI 4 Cheese Fix

Овој сос ги собира сите на маса. Кремаст, нежен, идеален за разговори што траат подолго од вечерата. Кога се јаде нешто вакво топло, и душата омекнува.

4. „Семејна италијанска вечер“ – MAGGI Milanese Fix

Традиција што секое семејство може да ја воведе. Еднаш неделно,сите заедно готват нешто италијанско. Едноставен рецепт, но спомените се големи.

Зошто токму готвењето ги зближува луѓето?

Психолозите велат: кога луѓето споделуваат оброк, ослободуваат окситоцин –хормонот на поврзаноста.

Но има и нешто повеќе.

Готвењето го носи она што го изгубивме во брзиот свет:

  • забавување,
  • момент заедно,
  • состојка по состојка,
  • љубов во процесот.

На крајот, како што велеше Гилберт во Јади, моли се, уживај, „Понекогаш најдуховното нешто што можеш да го направиш е да уживаш во оброк подготвен со љубов.“

Љубовта е секогаш тајната состојка

Без разлика дали мешаме сос, сечеме домати или ги повикуваме децата да „помогнат“, готвењето е најубавиот начин да кажеме:
„Ти припаѓам. Тука сум. Заедно сме.“

А со малку италијанска филозофија и малку MAGGI магија – секое семејство може да ја создаде својата традиција.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.