Младите AI таленти на сцена: Hackathon поддржан од OpenAI во рамки на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026

На AI Tech Summit „Filip Avramchev“ Skopje 2026, вештачката интелигенција нема да остане само тема за разговор. Како дел од AI Labs, ќе се одржи AI Student Hackathon powered by OpenAI, практичен предизвик наменет за средношколци и студенти кои сакаат своите AI идеи да ги претворат во реални решенија.

techsummit1-6294-fi

Извор: AI Tech Summit „Filip Avramchev“

Младите тимови ќе работат на конкретен AI предизвик со пристап до OpenAI алатки и ресурси, поддршка од ментори од IT индустријата и можност идејата да ја развијат во работен прототип. Процесот ќе вклучува менторска поддршка, жири, награди и финална презентација на AI Tech Summit „Filip Avramchev“, кој ќе се одржи на 22 и 23 септември во Националната опера и балет во Скопје.

Од идеја до работен прототип

За учество не е потребна однапред разработена или „совршена“ идеја. Фокусот е на учењето, експериментирањето, тимската работа и практичната примена на AI.

Хакатонот е отворен за средношколци и студенти, а бројот на учесници е ограничен на максимум 10 тима со до четири членови во тим.

Предизвикот ќе биде објавен на 18 септември, со што официјално ќе започне работата на тимовите. Од тој момент, учесниците ќе имаат пет дена да ја развијат својата идеја во работен прототип, а процесот ќе продолжи и за време на Самитот, сè до презентацијата на проектите.

Најдобрите идеи стигнуваат на Main Stage

На 22 септември тимовите ќе ги претстават своите проекти пред жири, кое ќе ги оценува идејата, применливоста, техничката изведба и потенцијалот на решението.

Најдобрите три тима ќе продолжат во финалето, кое ќе се одржи на 23 септември на Main Stage, главната сцена на Самитот во Скопје. Таму финалистите ќе имаат можност за да ги претстават своите решенија пред публика, жири, ментори, компании и претставници на IT и бизнис заедницата.

Main Stage ќе биде простор за меѓународни говорници, keynote предавања, панели и практични AI примери, а финалето на Hackathon-от ќе им даде место на истата сцена и на младите таленти кои допрва ја градат својата позиција во AI екосистемот.

За учесниците, ова ќе биде можност не само да работат со OpenAI алатки и ресурси, туку и да учат од искусни ментори, да развијат сопствен прототип и да се поврзат со компании, говорници и други млади луѓе од AI и tech заедницата.

Најдобрите тимови ќе добијат награди, можности за понатамошна соработка и препознавање пред регионалната AI и tech заедница.

AI Tech Summit „Filip Avramchev“ Skopje 2026 ќе се одржи на 22 и 23 септември во Националната опера и балет во Скопје.

Пријавувањето за AI Student Hackathon е достапно преку онлајн формата: https://tally.so/r/WOVbgR

За повеќе информации за програмата, говорниците и можностите за учество, следете ги официјалните канали на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ и посетете ја www.techsummit.ai.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.