Ова е најпребаруваниот рецепт во 2025 година

Google Trends кон крајот на минатата година ја објави листата на најбарани рецепти во светот за 2025 година, а на самиот врв се најде рецепт што изненади многумина – hot honey. Иако делува едноставно, овој слатко-лут додаток стана глобален гастрономски хит и неизоставна состојка во кујните ширум светот.

recept-5129-fi

Извор: Freepik

На прв поглед, станува збор за многу едноставна комбинација: мед и чили. Но токму спојот на слаткиот и лутиот вкус му даде на овој сос статус на совршен „завршен допир“ за најразлични јадења. Hot honey се подготвува така што во медот се додаваат чили снегулки или чили во прав, а многу готвачи во рецептот вклучуваат и лук, па дури и чадена пиперка, за да добијат подлабока и поинтензивна арома.

Популарноста на овој рецепт се поврзува со неколку трендови. Пред сè, во последните години сè побарани едноставни, но ефектни рецепти што лесно се вклопуваат во секојдневната исхрана. Дополнително, комбинацијата на слатко и луто стана доминантна во современата гастрономија од брза храна до fine dining. Hot honey совршено се вклопи во овој бран бидејќи е истовремено едноставен, прилагодлив и визуелно атрактивен.

Најчесто се користи како додаток на пица, особено со феферони и сирења, но и во сендвичи, бургери, вок јадења, како прелив за печен зеленчук или дури и со печено пилешко. Во некои кујни служи и како неочекуван додаток на сирења или појадок, на пример, со тост и путер или дури и со палачинки, за оние што сакаат контрасти во вкусот.

Во продолжение е основниот рецепт за hot honey, кој лесно можете да го подготвите дома.

Состојки:

  • 250 г мед
  • 2 лажички чили
  • 1 лажица јаболков оцет или вински оцет
  • 1 чешне лук
  • Малку црвена пиперка (по желба)

Подготовка:

Во помал сад загрејте го медот на тивок оган. Додадете го чилито, чешнето лук и малку црвена пиперка, доколку сакате дополнителна арома. Мешајте нежно пет до десет минути, внимавајќи смесата да не се прегрее. Тргнете од оган, додадете ја лажицата оцет и добро промешајте. Оставете да отстои десет до петнаесет минути. Кога малку ќе се излади, сипете во стаклена тегла или сад и добро затворете.

Иако настанал како едноставен домашен додаток, hot honey денес е симбол на современите кулинарски трендови доказ дека понекогаш токму наједноставните идеи го освојуваат светот.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.