И тоа е период што трае од градинка, па низ основно, а подоцна и низ средно училиште. И тоа не значи дека новите пријателки што сте ги стекнале во предучилишниот период ќе останат во вашиот живот и понатаму. А ако ова звучи како вие да одите во градинка или училиште, тоа е затоа што мајките навистина така се чувствуваат. Поминувајќи со секое дете одново низ сите развојни фази, имаме можност да „го повториме градивото“, но и да научиме нови работи и да запознаеме нови луѓе.
Но, новите искуства не се нужно пријатни, а новите луѓе и новите пријателки често само поминуваат низ нашиот живот.
Потенцијални нови пријателки во групата мајки одржливост на дружењето
Родителски критериуми за нови пријателки
Идеалното сценарио е да се запознаете со родителите на детето со кое вашето дете интензивно се дружи и да стекнете нови пријатели за цел живот. Уште една идеална варијанта е вие и вашата најдобра пријателка да станете мајки, ако не во исто време, тогаш во рок од неколку години. И вашите деца да се сакаат и да се дружат цел живот, исто како и вие. Не е задолжително вашите сопрузи да станат најдобри пријатели, но одлично е ако делат некои (позитивни) интереси.
Но, коцките во животот ретко се редат така како што ние си замислуваме дека треба. Пријателството, како и повеќето работи во животот, станува комплицирано кога ќе настапи пресвртницата наречена мајчинство. Женското пријателство е едно, а пријателството меѓу мајки е нешто сосема друго. За да стекнете нови пријателки кои се мајки, треба да се поклопат многу работи:
- да се согласуваат вашите партнери
- децата убаво да се дружат
- да имате слични вредности
- да одржувате компатибилни распореди
- да живеете релативно блиску
- вашите деца да се од слична возраст и развојна фаза
- да се согласувате околу куќните правила
- да си ги потврдувате меѓусебните пристапи кон родителството
Мајките-познаници не можат едноставно да станат нови пријателки. А цела група мајки како мрежа за поддршка затоа што ги делиме истите проблеми и потреби? Тоа не го гледаме ни во филмовите, иако често фантазираме за такво нешто.
Она што го гледаме во филмови и серии се епски непријателства и конкуренција меѓу мајки, или здружување околу злосторства (како во Gossip Girl или Big Little Lies).
Драмата на Ashley Tisdale околу раскинувањето со токсична група мајки
Во овa клише спаѓа и неодамнешниот есеј на Ashley Tisdale French, кој стана вирален. Не знаеме што точно се случило во групата на French (иако сопругот на Hilary Duff” речиси ги потврди тие гласини). Во суштина, поранешната Disney ѕвезда (High School Musical) напиша личен есеј за тоа како го напуштила кругот на пријателки-мајки затоа што односот станал токсичен полн со споредби, притисок, пасивна агресија и чувство на недоволна вредност.
Иако Ashley не именуваше никого, интернет-јавноста брзо го поврза нејзиниот текст со познатата холивудска група мајки во која се и Mandy Moore и Meghan Trainor. Овие жени со години јавно делуваа како идеална, поддржувачка група мајки – заеднички излегувања, деца од слична возраст, постојани објави на социјалните мрежи.
Темата „експлодираше“ на мрежите не (само) затоа што станува збор за познати личности, туку затоа што го руши митот за совршеното мајчинство и фантазијата за идеална група пријателки кои меѓусебно се поддржуваат.
Есејот погоди многу жени кои се препознаа во динамика во која:
- постои прикриено натпреварување
- споредување на деца и стилови на родителство
- чувство на исклученост
- притисок постојано да бидеш „добра мајка“
Значи, ова не е трач за славни личности, туку универзална приказна за женските односи во мајчинството. И за тоа како дури и навидум идеалните пријателства можат да бидат емоционално исцрпувачки и штетни. За тоа дека идеални односи не постојат, но постои храброст да се излезе од ограничувачки односи, дури и кога на сите од страна им изгледаат не само посакувани, туку и привилегирани.
Нови пријателки или вечни непријателки
Стереотипите постојат со причина. Не ги измислил некој и почнал да ни ги „продава“, туку сите ги препознаваме. И колку и да им се спротивставуваме, често и самите се вклопуваме во нив. Дури и кога сме имале среќа и мудрост низ созревањето и животните фази да ги зачуваме старите пријателства и да стекнеме нови, не сме ја избегнале женската конкуренција и интригите.
Иако делува незрело и „средношколски“, конфликтите меѓу мајките се дел од искуството на мајчинството. Да кажеме само „родителски Viber групи“ дали веќе превртувате со очите?
„Мајчинските војни“ сè уште се актуелни. Различните родителски собири и натаму стереотипно се доживуваат како негостољубиви простори. Групите на мајки, и дигитални и реални, и понатаму добиваат репутација на осудувачки, злобни и да токсични.
Нови пријателки-мајки низ призма на одржливост
Наместо оваа приказна да ја користиме како доказ дека жените, а особено мајките, се родени непријателки и дека поголемите групи жени неизбежно се драматични, натпреварувачки и злобни, да ја искористиме за да погледнеме со што навистина се соочуваме денес.
Изградбата и одржувањето заедница од пријателки-мајки никогаш не било лесно, а денес е покомплицирано од кога било. Среќаваме потенцијални нови (не)пријателки додека се движиме низ поделена политичка клима, исклучувачки родителски стандарди и претерано барачка работна култура. И сето тоа додека пораките од социјалните мрежи нè засипуваат со совети од типот „постави граници“, „заштити ја својата енергија“, „престани да им угодуваш на другите“…
Мајките се преоптоварени
Емоционалниот товар на милениумското мајчинство е тежок. Ги носиме чувствата на нашите деца, се обидуваме да ги одржиме браковите или да се разведеме пријателски, се грижиме за постари родители. Притисокот постојано да работиме на себе физички, ментално и емоционално расте и остава сериозни последици. Согоруваме на работа, во бракот, во родителството. И во пријателствата.
Милениумските мајки се принудени да ги преиспитуваат и приспособуваат сите блиски односи со децата, партнерите, родителите, работата и самите со себе. Паралелно, ги редизајнираат и правилата и стандардите на женското пријателство.
Покрај тоа, ја балансираат сопствената осаменост и потребата за поврзаност со хронична преоптовареност и престимулација.
Немате неограничена енергија, па можеби и најмалите непријатности во пријателствата не ги толерирате. Работи што инаку би ги игнорирале, одеднаш изгледаат премногу „токсични“, затоа што немате капацитет да се справувате со нив.
Покрај сè, не сте одговорни само за своите односи и чувства. Дури и кога навистина ви се допаѓаат некои нови пријателки мајки од градинка или училиште можеби нивните деца не се љубезни кон вашето, или обратно. Од друга страна, можеби навистина не се поврзувате со некоја група мајки, но сепак учествувате, за вашите деца да не бидат исклучени.
Модели на пријателство што сакаме нашите деца да ги усвојат
Како што пишува Ashley Tisdale French на својот блог, сакаме на децата да им покажеме како изгледа да застанеш позади себе и да излезеш од простор во кој не ти е добро. Но исто така сакаме да им покажеме дека вистинските пријателства вредат дополнителен труд и дека конфликтите можат да се решаваат на здрав начин.
Пријателствата меѓу мајките се комплицирани. И сепак, наместо да го признаеме тоа, избрзано одлучуваме дека мајките се проблематични.
Реакцијата на есејот на French е доказ за тоа. Постои вистинска културна фасцинација со жени што се караат, општествена потреба да избереме страна. Но дали овде се случува нешто друго? Дали мајките се чувствуваат малку „потврдени“ кога гледаат дека дури и овој, навидум совршен тим мајки, се соочува со пресврти?
Понекогаш пријателствата се навистина нездрави. Можеби оваа (славна) група навистина била токсична. Но можеби не секогаш станува збор за „токсична група мајки“. Можеби повеќе се работи за сите други причини поради кои тешко стекнуваме нови пријателки.
И токму затоа се отвораат теми за кои недоволно се зборува менталното здравје и стабилноста на мајките, тема за која мора многу повеќе да се зборува.
Извор: easylife.rs