Според него, лошите менаџери често користат три особено штетни фрази:
„Не заборавај дека си заменлив.“
„Никој нема да дојде да те спаси.“
„Мора да се докажеш.“
„Сѐ уште кружи таа стара поговорка меѓу менаџерите: ‘Не мисли дека си незаменлив. Секогаш можеме да најдеме некој друг.’ Мислам дека тоа е крајно нездраво“, вели Меркурио, автор на книгата The Power of Mattering и виш соработник на Центарот за смисла и цел при Државниот универзитет во Колорадо.
Кога шефовите ги користат овие реченици, дури и кога се формулирани поинаку, но со иста порака тие веројатно сакаат да ги поттикнат вработените да се залагаат повеќе. Сепак, пораката често звучи како закана и предизвикува страв, објаснува Меркурио.
„Кога луѓето се чувствуваат заменливо, тие и се однесуваат така. Не се ангажираат, не го даваат својот максимум. Всушност, вложуваат помалку труд. На тој начин им ја рушите самодовербата, чувството на вредност и способноста да напредуваат“, додава тој за CNBC.
Како да ги мотивирате вработените на вистински начин?
Наместо заплашување, поставете амбициозни, но достижни цели. Тоа е пристапот што го користи Лиза Су, извршна директорка на мултимилијардната компанија за чипови AMD.
Ако забележите дека некој вработен се соочува со тешкотии, наместо веднаш да се заканувате или преземете формални мерки, седнете и разговарајте за очекувањата и предизвиците.
Наместо да испратите порака „заменлив си“, кажете: „Сакам да успееме заедно. Ајде да видиме што ти е потребно за да бидеш подобар во својата работа.“
А што ако вашиот шеф ги користи овие фрази?
Ако се соочите со ваков тип на комуникација, Меркурио советува: запишете што било кажано, во кој контекст и како тоа влијаело врз вас. Потоа, обидете се да разговарате со шефот на личен план: „Кога го слушнав тоа, се почувствував обесхрабрено. Сакам да го дадам својот максимум, но тешко ми е кога имам чувство дека сум заменлив.“
Ако однесувањето не се промени, следниот чекор може да биде обраќање до одделот за човечки ресурси.
„Исто така, корисно е да се опкружите со колеги или лидери од други сектори кои ќе ве потсетуваат дека вредите. Тоа понекогаш може да направи голема разлика“, заклучува Меркурио.
Извор: Bizlife.rs