Иако работниците ретко сочувствуваат со високоплатените менаџери, статистиката е неумолива: burnout меѓу лидерите расте побрзо отколку кај која било друга група вработени.
Лидерите ја губат битката со времето
Според извештајот Global Leadership Forecast 2025, дури 71% од лидерите пријавуваат зголемено ниво на стрес, што е значаен скок во однос на 63% пред само три години. За споредба, стапката на burnout кај останатите вработени изнесува околу 55%, пишува CNBC Make It.
Главните причини? Чувството дека нема доволно време за количината на работа, притисокот од вештачката интелигенција и постојаните промени на пазарот. Лидерите се чувствуваат како едвај да ја држат главата над вода.
Кога немирот на шефот станува физички проблем на тимот
Психолозите предупредуваат на феноменот стресна инфекција. Кога лидерот е под burnout, вработените тоа подсвесно го забележуваат, што кај нив предизвикува физичка реакција на стрес.
„Стресот преминува од личност на личност, а ефектите се физички и мерливи. Често не сме ни свесни дека анксиозноста на шефот всушност нè разболува“, објаснува социјалниот психолог Теса Вест.
Дополнителен проблем е „маскирањето“. Многу директори веруваат дека на врвот не смеат да покажат ранливост, па го потиснуваат стресот, што само ја влошува ситуацијата и доведува до лоша комуникација и недостаток на емпатија кон тимот.
Зошто луѓето всушност даваат откази?
Податоците на софтверската компанија BambooHR се сурови: 90% од вработените кои дале отказ во 2024 година, го сториле тоа поради лош шеф. Лошиот стил на управување, недостатокот на признанија и слабата комуникација се директни последици од согорувањето на лидерот.
Експертите им препорачуваат на лидерите (но и на сите останати) едноставна стратегија за враќање во баланс:
- Медитација: 5 минути, три пати неделно (доволен е и YouTube).
- Тренинг: 30 минути, три пати неделно.
- Сони: Најмалку 8 часа сон, три пати неделно.
За компанијата да биде здрава, лидерот мора да биде здрав. Арон Литлс, од почетокот на нашата приказна, денес својот успех го гради на делегирање. Неговиот тим ја спроведува егзекуцијата, додека тој се занимава со стратегијата. Тој инсистира на користење слободни денови и целосно исклучување од мејловите по работното време како за вработените, така и за себе.
Извор: bizlife.rs