Денес во Европа живеат скоро 184.000 луѓе кои го исполнуваат овој критериум, што чини четвртина од вкупната светска популација на ултра-богати.
Германија на врвот, Лондон го губи здивот
Кога станува збор за апсолутните бројки, Германија е неприкосновен лидер. Со преку 38.000 ултра-богати поединци, таа го држи тронот на Стариот континент, а само во последните пет години на списокот додала повеќе од 9.000 нови мултимилионери.
Еве како изгледа топ листата на европските „метрополи на капиталот“:
- Германија: 38.215
- Велика Британија: 27.876
- Франција: 21.528
- Швајцарија: 17.692
- Италија: 15.433
Интересно е што Британија, иако и понатаму е на второто место, бележи најспор раст меѓу големите економии (едвај 12%), додека Шпанија и Турција забрзано се качуваат на скалилата.
Полска и Романија ги „дуплираа“ богаташите
Иако Германија и Франција се центри на моќта, најголемиот процентуален скок се случи таму каде што многумина не се надеваа. Полска е апсолутен рекордер, бројот на ултра-богати во оваа земја пораснал за неверојатни 109%.
Веднаш зад неа се Турција (94%) и Романија (93%), додека Грција, Чешка и Португалија забележаа раст поголем од 50%. Овие податоци сугерираат дека богатството географски се шири и дека економската слика на Европа забрзано се менува во корист на брзорастечките економии на истокот.
Даноците и политиката го тераат капиталот преку граница
Лиам Бејли, шеф на истражување во Knight Frank, истакнува дека сме сведоци на една од најзначајните промени во распределбата на богатството во модерната историја. Главни движечки сили на оваа мобилност се:
- Даночни притисоци: Растечки давачки во матичните земји.
- Регулатива: Построги правила за работење.
- Политички ризици: Потрага по посигурни јурисдикции.
Ултра-богатите повеќе не ги чуваат сите пари во една земја. Наместо тоа, своите животи и капитал ги организираат низ повеќе држави, користејќи ги семејните канцеларии (family offices) за активно управување со ризиците и животниот стил.
Додека САД и понатаму доминираат во светот со преку 387.000 ултра-богати, Европа останува клучно прибежиште за капиталот, но со нови играчи на истокот кои полека го менуваат односот на силите.
Извор: bizlife.rs