Како што објаснила Џулиет, самопрогласен интроверт, вашата скромност за време на состаноци или разговори на работното место „случајно може да предизвика да станете невидливи“ и да бидете занемарени за унапредувања, покачувања на плата и други можности.
Не мора да бидете најгласната личност во просторијата за да бидете ценети и препознаени за работното место.
Постои поинаков „испробан и добар“ трик за да се истакнете на работното место без да зборувате за време на состаноците, вели Хан, која е и академски советник на Медицинската школа на универзитетот Харвард.
„Трик? Испратете им на луѓето кратка, но внимателна белешка за она што било разговарано на состанокот. Тоа секогаш функционира“, рече таа, пишува CNBC Make It.
Извор: EyeEm
Трик за важни состаноци
Џулиен Хан не предлага доброволно да станете секретарка во канцеларијата. Не треба да пишувате дополнителен мејл после секој состанок и не треба да го испраќате до сите што присуствувале. Професорката советува оваа стратегија да ја зачувате за „навистина важни“ состаноци кои би можеле да имаат директно влијание врз развојот на вашата кариера.
Во вашиот мејл треба да нагласите 2-3 важни заклучоци и да предложите активности за постигнување на целите наведени за време на состанокот.
На пример, ако сте имале состанок со вашите соработници и шефот за да ги наведете приоритетите за наредниот месец, а ви снемало време да покриете сè, можете да понудите да закажете последователен состанок преку мејл во кој ќе вклучите резиме.
Или, ако некој претстави потенцијално решение за деловен предизвик за време на состанокот, а вие би препорачале поинаков пристап, споделете ги вашите размислувања во наредниот мејл, рече Хан.
Пред да го испробате овој трик, мудро е да ги процените преференциите на вашиот менаџер и колеги за дополнителни мејлови.
Извор: rawpixel.com
Како треба да изгледаат вашите мејлови?
Ако планирате да испратите краток мејл до вашите колеги, на пример, Хан предлага прво да им пристапите со следниов текст: „Среќен сум што го направив првиот обид да го сумираме она што го разговаравме и да испратам препорачани активности, но би сакал да следите сè што пропуштив и да ја додадете вашата перспектива во овој мејл. Вашата перспектива е исто толку важна како и мојата“.
Ако планирате да започнете да испраќате мејлови со резиме до вашиот шеф, можете да кажете: „Би сакал кога сум на овие состаноци, да разберам за што се дискутира на ист начин како и вие, како поука. Може ли да се обидам да испраќам кратки мејлови со резиме по одредени состаноци?“
Иницијативата како најдобар трик
Хан верува дека повеќето луѓе ќе бидат отворени за некој што покажува иницијатива да ги промени состаноците и по нив да продолжи да работи кога следните чекори „не се секогаш јасни“.
Сакате уште една причина зошто овој трик е толку ефикасен? Тој ви помага да ги покажете трите меки вештини што шефовите ги бараат кај своите вработени: приспособливост, комуникација и, што е најважно, лидерство.
Со овие мејлови „покажувате дека можете да бидете личност која ја води приказната, која напредува во текот на работата и дискусиите, без притоа да се терате да зборувате во средина каде што може да ви биде непријатно“, заклучува професорката.