Кој е Џим Рајан?
Рајан е дел од Sony Interactive Entertainment од 1994 година, уште пред првиот PlayStation да биде лансиран ширум светот. Рајан помогна да се воспостави присуството на компанијата во Европа. Беше на различни функции пред конечно да биде назначен за извршен директор на овој оддел во 2019 година. Sony Interactive Entertainment го лансираше PlayStation 5 под водство на Рајан. Иако компанијата имаше проблем да произведе доволно конзоли поради недостиг на компоненти во екот на пандемијата, сепак конечно успеа да го зголеми производството и да ја задоволи побарувачката.
Во текот на првиот квартал од 2023 година, Sony испорача 3,3 милиони PS5 единици, со што вкупниот број на продадени конзоли достигна 41,7 милиони. Кеничиро Јошида, извршен директор на Sony, го пофали Рајан за „надгледувањето на лансирањето на PlayStation 5 среде глобална пандемија“. Тој истакна дека уредот сега е „на пат да стане најуспешната конзола на Sony Interactive Entertainment досега“.
Што изјави Џим Рајан во септември 2023 година?
„После 30 години донесов одлука да се повлечам од SIE во март 2024 година. Уживав во можноста да имам работа што ја сакам во многу посебна компанија, работејќи со одлични луѓе и неверојатни партнери. Но, сè потешко ми е да го балансирам животот во Европа и работата во Северна Америка. Заминувам, имајќи ја привилегијата што работев на производи кои допреа милиони животи низ светот. PlayStation секогаш ќе биде дел од мојот живот и се чувствувам пооптимист од кога било за иднината на SIE. Сакам да му се заблагодарам на Јошида-сан кој имаше голема доверба во мене и што беше неверојатен лидер полн со разбирање и поддршка“, рече Рајан, а пренесе Sony.