Треба постојано да разговараме за стигмата која често ги следи менталните нарушувања и да се залагаме за подобра поддршка за оние кои се соочуваат со тие проблеми. Дискусијата на овие теми придонесува за создавање на отворено и поддржувачко работно опкружување, каде што вработените можат слободно да зборуваат за предизвиците на менталното здравје без страв од осуда.
Безбедно и здраво работно опкружување може да биде клучен заштитен фактор за благосостојбата на вработените, додека лошите услови како стигмата, дискриминацијата, вознемирувањето и неадекватните работни практики можат сериозно да ја загрозат менталната благосостојба на вработените. Со вложување напори и ресурси во соодветни програми и мерки, компаниите можат и треба да осигураат дека секој вработен има можност да напредува како на работа, така и во животот.
Ова се некои од клучните совети кои можат да помогнат во унапредувањето на менталната благосостојба на вработените:
Извор: Freepik
Работно опкружување кое поттикнува почитување и инклузија
Вработените треба да се чувствуваат почитувани, ценети и вклучени, без оглед на своите различности. Отворената комуникација, взаемната почит и тимскиот дух се клучни фактори за намалување на стресот и градење позитивна работна атмосфера.
Поттикнување на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот
Одржувањето рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот го намалува ризикот од професионално „прегореност“ (burnout). Флексибилните работни услови и поддршката при усогласувањето на приватните обврски со работата може значително да придонесат за задоволството и продуктивноста на вработените.
Обуки и работилници за развој на меки вештини
Работилниците и обуките кои се фокусираат на емоционалната интелигенција, решавањето конфликти и на техниките за справување со стресот можат да играат важна улога и да им обезбедат на вработените „алатки“ за грижа за своето ментално здравје. Преку такви програми, вработените учат како ефикасно да управуваат со времето, да го намалат стресот и да спречат „прегореност“.
Извор: Freepik
Достапност на ресурси за ментално здравје
Компаниите можат да обезбедат поддршка за менталното здравје на своите вработени преку дополнителни програми за здравствено осигурување, кои ги покриваат услугите за психолошко советување и помош во кризни ситуации.
„Многу сме посветени на тоа секој вработен да работи во средина каде што се чувствува почитуван во сите свои различности. Се грижиме нашите колеги да бидат изложени на што е можно помалку стрес, се грижиме за балансот помеѓу работата и животот, со желба да имаме задоволни, а со тоа, продуктивни вработени,“ вели Маријана Аџовиќ, менаџер за ЧР на компанијата Алкалоид Србија.
Според неа, Алкалоид преку анкети за задоволството на вработените настојува да добие прецизни податоци за тоа во кои сегменти искуството на вработените може да биде уште подобро. „Исто така, на сите колеги им се достапни различни обуки и работилници од областа на емоционалната и социјалната интелигенција, управување со стресот и превенција на „прегореноста“, а во рамките на пакетот дополнително здравствено осигурување, секој вработен има можност за надомест за психијатриски услуги и услуги поврзани со менталното здравје при интервенции во кризни ситуации“, вели таа.
Поддршката за менталното здравје на работното место не само што го унапредува животот на вработените, туку директно влијае на успехот на компанијата. Вложувањето во луѓето и создавањето на поддржувачко опкружување на долг план носи придобивки за сите учесници.
Извор: Bizlife.rs