Имате само 6 секунди за да го привлечете вниманието на регрутерите – Избришете ги овие 7 работи од вашето CV

Истражувањата покажуваат дека работодавците посветуваат само шест секунди на секое CV посветуваат при селекцијата на кандидатите. Во тие шест секунди, дефинитивно немаат време да прочитаат три страни посветени на вашите искуства, хобија, желби и цели, особено ако тие не се најважни за позицијата за која аплицираме. Затоа е важно да ја поедноставите вашата биографија.

imate-samo-6-sekundi-1589-fi

Извор: Pexels / Sora Shimazaki

Се појавува оглас за работа од вашите соништа. Одлучувате да аплицирате, но сфаќате дека вашето CV има премногу работи кои не се многу важни за бараната позиција, но сепак ги остават бидејќи верувате дека даваат поширока слика за вас. Дилемата дали да ги оставите или да ги избришете, ја решаваат регрутерите кои истакнуваат дека е многу важно во CV-то да стојат само најпотребните и најважните работи.

image-1

„Неопходно е да ја промените делумно или целосно биографијата при секое ново аплицирање за одредена позиција. Што значи тоа? Значи дека со времето одредени податоци губат на значење и треба да ги извадите. Но како, кога сите ви се подеднакво драги? Почнете по ред“, објаснува Мари Менинг, регрутерка.

Целта на аплицирањето веќе сте ја напишале во насловот на емаилот. Зошто би се повторувале? Нерелевантно искуство – работи во локалното кафе за време на студиите, волонтирање на саем за автомобили – задржете само она што ќе ве прикаже во најдобро светло или индиректно ќе укаже на дополнителни знаења што ги имате.

Избришете ги овие 7 работи од вашето CV:

  1. Брачен статус
  2. Податоци за средното училиште и основното училиште ако сте студирале на факултет
  3. Вашата религија
  4. Вашите хобија
  5. Непрофесионални адреси на е-пошта
  6. Долги параграфи
  7. Небитно работно искуство

Нека вашето CV биде кратко и прецизно, вклучувајќи само она што е важно.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.