Skincare брендовите изобилуваат со креативни маркетинг идеи, но во последно време во центар на вниманието се најде брендот The Ordinary, благодарение на генијалноста на маркетинг агенциите „Uncommon Creative Studio“ и „One Agency Media“.
Ова не е првпат The Ordinary да предизвикаат реакции во јавноста и да привлечат толкаво внимание. Секој кој е „skincare addict“ и изгледал барем едно видео на YouTube од инфлуенсерот Hyram многу добро ги знае нивните производи.
Зошто нивните производи се толку популарни?
Иако во Македонија сè уште не можеме многу да ги најдеме нивните производи, брендот кој прв го дознаваш кога влегуваш во skincare светот е токму The Ordinary.
Покрај пристапните цени и одличната маркетинг стратегија, она што ги издвојува производите на The Ordinary е токму нивната едноставност и минимализам и на составот и на дизајнот. Ова досетливо и хумористично искористија да го прикажат во маркетинг кампањата прикажана подолу:
Proud to share our first work with The Ordinary
— Uncommon (@uncommon_studio) May 15, 2024
.
A global outdoor campaign speaking to the brand’s philosophy of science over celebrity & marketing claims. pic.twitter.com/4FqNAIK4bN
По она што можеме да го видиме од рекламите на The Ordinary, новата линија за убавина „Rhode“ на Хејли Бибер, па и Фенти на Ријана, следи тренд на минимализмот. Очигледно сме сведоци дека минималистичкиот дизајн и состав на производите за нега на кожа функционира многу добро кај овој тип на производи. Никој не сака да чита еден тон состојки со долги и збунувачки имиња и притоа да ги користи. Ова само покажува дека едноставните, јасни и директни пораки можат ефикасно да го привлечат и притоа да го задржат вниманието на луѓето.
Понекогаш, помалку е повеќе.
Но, минимализмот не е само во дизајнот и составот на производите, туку и во начинот на комуникација со потрошувачите. The Ordinary го поставува фокусот на транспарентноста и едукацијата, нудејќи детали за активните состојки и нивните придобивки без непотребни сложености и маркетиншки „финти“. Оваа стратегија на отворена комуникација им овозможува на потрошувачите да донесуваат информирани одлуки и да изградат доверба во брендот.
Кога брендовите се искрени и директни, како што е случајот со The Ordinary, потрошувачите ја ценат таа автентичност и тоа води до поголема лојалност и задоволство од производите.