На TikTok сè повеќе се шират шеговити видеа со совети како да изгледате зафатено на работа. Иако вакви совети не се новост на оваа платформа, последниве месеци, особено откако корпорации како AT&T и Amazon почнаа да ја применуваат политиката за враќање во канцеларија, бројот на прегледи на овие видеа достигна милиони.
Еве неколку трикови што корисниците на TikTok од Gen Z ги споделија за тоа како да изгледате зафатено на работното место:
- Куцајте брзо и гласно.
- Движете се брзо со лаптоп во раце кон која било дестинација во канцеларијата.
- Правете звуци на фрустрација како да сте незадоволни од работата.
- Јавете му се на некој пријател или партнер, користејќи деловна гестикулација за да изгледа како да зборувате за деловни теми.
- Одржувајте сериозен израз на лицето.
- Брзо прелистувајте ги страниците од вашиот бележник.
- Секогаш носете го лаптопот со вас кога ќе станете од вашето биро.
- Движете се брзо низ канцеларијата со телефон на уво, како да водите важен бизнис разговор.
- Гледајте во празен екран и непрекинато движете го глувчето, како да работите на некој проект, пишува Курир бизнис.
Зошто „маскирањето на извршување на задачи“ стана популарно?
Многумина се прашуваат зошто младите вработени трошат толку многу време преправајќи се дека се зафатени, кога всушност би можеле да ја завршат работата. Популарните трендови на Gen Z, како што се „тивките паузи“ и „малите одмори“, се појавуваат и како пасивно-агресивни одговори на ригидноста, моќта и контролата на големите корпорации.
Овие трендови ги поттикнаа многу бизнис-лидери да ја опишат Gen Z како „професионални мрзливци“ со кои е тешко да се управува. Овој менталитет на непродуктивност, наречен „ултимативниот убиец на продуктивноста“, има влијание врз мали и големи компании ширум светот.
Извор: Bizlife.rs