Исклучително успешни луѓе често имаат барем една заедничка особина, велат психолозите: нивните внатрешни монолози се позитивни и оптимистички. Ова може да биде клучен елемент за постигнување успех: тешко е да постигнете цел или пресвртница ако постојано си велите дека не можете. Негативниот разговор со себе може да има долготрајно негативно влијание и со текот на времето да доведе до анксиозност, депресија и долгорочно оштетување на вашата самодоверба, покажуваат истражувањата.
Овие три токсични фрази успешните луѓе никогаш не си ги кажуваат самите себе, сметаат психолозите и експертите за јавен говор.
„Не сум достоен за мојот успех“
Истражувањата покажуваат дека повеќе од 80% од луѓето во животот се соочуваат со чувството дека не треба да бидат онаму каде што се о животот или т.н. imposter syndrome. Ова може да ве поттикне да користите фрази како „Не сум достоен за мојот успех“ или „Јас не го заслужувам ова“, вели Кристина Хелена, експерт за јавен говор и TED говорник.
Што ги уништува вашите професионални односи?
„Запрашајте се: Зошто верувам дека не го заслужувам ова, ако одговорот е затоа што вашите цели не се поклопуваат со нечии други планови за успех, признајте го тој чувствo, а потоа ослободете се од него“, напишала Хелена за CNBC.
„Кога ќе откриете од каде доаѓа тој став, тој ќе има помала моќ над вас“, додала Хелена. „Успехот за секого изгледа поинаку. На крајот, мора да одлучите дека го заслужувате доброто во вашиот живот за кое толку сте се труделе.“
„Не сум добар како другите“
Во свет каде што луѓето постојано ги споделуваат најважните настани од своите животи на социјалните мрежи без да ги откриваат своите тешкотии и неуспеси, може да почнете да верувате дека другите луѓе се подобри од вас. Можеби се чувствувате како никогаш да нема да можете да се мерите со луѓето кои најмногу ги почитувате и на кои им се восхитувате.
Можете да си кажете: „Не сум толку добар како тие“ или „Никогаш нема да имам живот каков што имаат тие“.
„Наместо да се фокусирате на фактот дека не сте толку убави, смешни или иновативни како некој друг, фокусирајте се на тоа какви атрибути вие носите“, напишала Ема Сепала, предавач на Универзитетот Јејл, за Make It.
Извор: Freepik / wayhomestudio
„Можеби вашите шеги понекогаш не успеваат, но вие сте топли и луѓето се чувствуваат пријатно во ваша близина. Можеби не зборувате пет јазици, но вашите вештини во Excel табели се извонредни.“
Ако ви треба помош да ги пронајдете работите на кои ќе им се восхитувате кај себе, побарајте од луѓето околу вас да споделат што најмногу ценат кај вас, советувала Сепала. Тоа ќе „ја зголеми вашата отпорност и може да ви помогне да ги отворите очите за тоа колку придонесувате за оние околу вас и колку ве ценат вас и вашите сили“, напишала таа.
„Не сакам да се менувам, тоа сум јас“
Ако постојано си велите: „Не се менувам“ или „Ова сум јас“, се ограничувате во учењето, смета авторката и психологот Кортни Ворен.
„Луѓето со ниска емоционална интелигенција често се поригидни и ќе се борат против потребата да се променат или еволуираат“, напишала Ворен за Make It. „Цврстите уверувања се важни, но и отвореноста за нови можности.“
Следниот пат кога ќе добиете фидбек од вашиот шеф, обидете се да ја употребите оваа фраза, предложила Ворен: „Морам повеќе да размислам за тоа што го велите. Сакам да бидам отворен за повратни информации за себе, дури и кога е тешко да се слушне.“