За да го контролирате чувството на завист, таа предлага да се спријателите со личноста чиј успех го сметате за посакуван.
„Создавајте врски наместо непријатели. Тоа на крајот го ублажува страдањето“, додава Монтел.
Покажете восхит
Во минатото, Монтел кажува дека можеби компулсивно барала колега или колешка за кои сметала дека се импресивни.
Сега, кога ќе наидам на жена која ме заплашува, се обидувам да ги надминам тие мисли. Наместо да ја отпишам како непријател, ќе и испратам порака и ќе изразам искрено чувство на восхит.
Повеќето луѓе се воодушевени.
„Скоро секогаш ќе добијам одговор: ’О мој Боже, благодарам многу‘“, тврди таа.
„Тоа исто така може да ви помогне во создавањето на своја мрежа на контакти“, вели за CNBC Make It Кеита Вилијамс, основач на компанијата за кариера Success Bully.
„Секој петок имам резервирано време во мојот календар во кое испраќам пораки или е-маилови за охрабрување. Тоа направи чуда за мене и за мојата кариера“, признала Вилијамс.
Шансите најчесто ги добиваат оние кои се врвни во својата работа и работат со, а не против другите.