За посетителите клаустрофобично, а за жителите ослободувачко, возењето низ тунелот значително го олеснило животот во Витиер. Оние што сакаат да поминат низ него мораат внимателно да го испланираат времето, бидејќи насоката на движење се менува на секој час, а оние што сакаат да се вратат во градот по 22:30 часот нема да имаат среќа. Луѓе кои спијат во автомобилите недалеку од тунелот, затоа што го пропуштиле последниот премин, се вообичаена глетка.
„Затворениците на Витиер“
Кога избувна пандемијата, жителите се најдоа во уште поголема изолација, бидејќи влезот во градот беше дозволен само за жителите и нивните најблиски роднини, како и за вработените во претпријатијата што работат таму. Овој необичен град е одвоен од остатокот од светот со немилосрдни врнежи. Годишната просечна количина на снег изнесува неверојатни 6,7 метри. Но кога ќе падне снег, станарите не мора да ја напуштаат зградата во која живеат. Поради сето ова, не е изненадување што многу жители носат маици со натписот „Prisoner of Whittier“. Бетонскиот мастодонт од времето на Студената војна е дом на станови, болница, градска управа и училиште. Begich Towers Incorporated, со 14 ката и 196 станови, познат во овие краишта едноставно како BTI, изгледа како фатаморгана во снежниот пејзаж на Витиер. Однатре, BTI изгледа како секој друг масивен станбен комплекс во голем град. Но ако излезете надвор на прошетка, нема да најдете многу места каде што можете да одите. Патувањето на работа во време на шпиц во Витиер значи запирање кај лифтот на секој кат. Но дури и кога е студено, вработените можат да одат на работа во сандали. Пред да стигнат на работното место, родителите се спуштаат во подрумот за да ги однесат децата на училиште низ премин налик на бункер. Во комплексот ќе најдете продавници, ресторани, пошта, библиотека, па дури и црква.
Извор: odrzime.rs