Afterwork

Октомври носи богата понуда на серии на Netflix, HBO Max, Prime Video и Apple TV. На екраните пристигнуваат нови адаптации на познати книжевни класици, се враќаат популарни ликови, но доаѓаат и сосема нови
„Јас сум перфекционист“ некогаш важеше за безбеден одговор на едно од најнепријатните прашања на интервју за работа Денес, тоа е еден од најбрзите начини да дадете генерички одговор Регрутерите не бараат идеална слабост туку доказ дека кандидатот…
Повеќе од 500 актери, автори, продуценти и други телевизиски професионалци учествувале во изборот на 100-те најдобри серии на 21 век Сепак, овој избор отвори и едно неизбежно прашање: како е можно да се зборува за најдобрите серии на модерната ера…

Повеќе

Имаме разбирање за вообичаените стравови како страв од височина, пајаци или летање, но како би реагирале кога некој би се исплашил од вашата брада? Фобиите претставуваат ирационален страв од појави или објекти кои не можат навистина да ни наштетат. Иако чувството на страв е природен одбранбен механизам кога се наоѓаме во опасност, луѓето со фобија ќе почувствуваат налет на анксиозност дури и кога не се животно загрозени.
Додека на Запад трендот сè повеќе се движи кон ставање на мајчинството на прво место, а останувањето дома и паузата во кариерата стануваат своевидна нова догма, ние сè уште само можеме да сонуваме или барем хипотетички да размислуваме. Ама, со хипотези сè започнува. Можеби еден ден, покрај сите западни влијанија што ни се наметнаа, ќе нè преплават и оние кои со радост би ги прифатиле.
Сите мајки постојано работат, без оглед на тоа дали имаат формална работа и кариера, или се „само“ мајки и домаќинки. Некои мајки неуморно работат од дома. Некои надвор од неа. Некои го судираат работниот ден со домашните обврски, а на сите вработени мајки балансот помеѓу работата и животот им е огромен предизвик.
Финската среќа е реална. Финска е прогласена за најсреќна земја во светот осма година по ред, според Извештајот за светска среќа на Обединетите нации. И, логично, остатокот од светот сака да ги открие нејзините тајни.
Патувањето никогаш не започнува со првиот чекор. Започнува со немирот. Со оној тивок копнеж што ти се провлекува низ градите додека гледаш во мапа или во нечиј далечен поглед што се згаснал во мисли.
Кога ќе го слушнете вашето дете како се жали: „Досадно ми е!“, можеби веднаш се вклучува алармот кај родителите, но не мора да биде така. Ако децата ви го кажуваат тоа, можете да си честитате: најверојатно сте му овозможиле на вашето дете барем малку време без технолошка стимулација во свет полн со брзина и пренаситеност. Дури и самата досада денес стана ретка појава.