Западна Македонија не е само дестинација. Таа е бегство. Од градскиот прав, од преголемата близина на луѓето и од студенилото што знае да го остави бетонскиот свет во срцето на човекот.
Селата над времето
Прво стигнав во Галичник. Не стигнуваш тука случајно. Патот до таму е исклучување. Од шумот, од сигналот, од претераната рационалност. Ги следев патоказите како што човек ги следи гласовите во себе. Преку кривулестите патишта, покрај ѕидови од планинска тишина, таму каде што времето се мери со чадот од огниште и крцкавата пита во земјена тава.
Се сместив во Хотел Неда, совршен во својата автентичност и топлина. Како што крцкаше дрвото во каминот, така мислите ми одлетаа во детството. Седнати на подот, врз мекиот волнен килим, деца кои со себе носат само соништа и дедо со неговите приказни за вечното ривалство меѓу Лазарополе и Галичник, кое село било поубаво, небаре убавината можеш да ја измериш со зборови. Овчото сирење што мирисаше на сено и на годините што поминале. Келнерот се доближи до мене. Платив со Diners. Затоа што така ми беше полесно. Но, и затоа што не сакав да раскинам ништо од моментот со премногу зборови.
Коњите во Лазарополе
Се упатив кон Лазарополе. Утрото во Лазарополе е посебно. Не како светлина, туку како мисла што ти се вгнездува под ребрата. Горни и долни ливади. Мирисот на чај од мајчина душица. Спокојот на врвот Соколица, мистичноста на Калина дупка. Бачилото на дедо Цветко. Во селото кое стои како несвесен спомен на нешто изгубено ги сретнав коњите. Не припитомени. Диви, но не страшни. Мудри. Слободата им висеше во гривите, со прав од патиштата и мирис на дожд. Гледајќи ги, се прашав кога последен пат се почувствував така?
Калин Хотел, оставштина на чичко Томе, како аманет да го краси селото засекогаш, беше моето прибежиште за ноќта. Стариот келнер носеше капа и зборуваше како поет. Ја пофали мојата Diners картичка. Рече дека одамна не видел некој да патува „со стил“. Му се насмевнав. Не затоа што бев горд, туку затоа што разбрав, понекогаш стилот не е во облеката, туку во тоа како ја слушаш тишината.
Тишината на Маврово
Последната дестинација беше Маврово. Маврово не е езеро. Тоа е огледало. На сè што си. И сè што сакаш да заборавиш. На се што останало ветено, а не исполнето. Седев сама, во со чаша вино што доаѓаше од истата земја што ми ги носеше сите овие приказни. Посегнав по телефонот, за да сликам. Но го спуштив. Не секоја убавина сака да биде фатена. Некои се за паметење. Три вечери, три различни локации – Grand Chamois Hotel, Срна/Mia’s Favorite и Радика Ресорт. Е секоја од нив совршена на свој начин.
И таму, во тој момент на немост, почувствував како нешто во мене се расчистува. Како што се расчистува внатрешноста на човек што конечно платил сè што должел на спомените и останал само со она што вреди.
Diners како тивок сведок
Не го истакнав Diners гласно. Не мораше. Тој беше таму кога ми требаше резервација, беспрекорно плаќање, или само чувство дека сум подготвен дека ништо не ме изненадува на патот. Не како картичка. Туку како сојузник.