Не сакам пари – се плашам од нив!Чудни фобии за кои не сте знаеле

Имаме разбирање за вообичаените стравови како страв од височина, пајаци или летање, но како би реагирале кога некој би се исплашил од вашата брада? Фобиите претставуваат ирационален страв од појави или објекти кои не можат навистина да ни наштетат. Иако чувството на страв е природен одбранбен механизам кога се наоѓаме во опасност, луѓето со фобија ќе почувствуваат налет на анксиозност дури и кога не се животно загрозени.

fobija-4700-fi

Извор: Unsplash

Лицето што има фобија која го попречува во секојдневниот живот треба да размисли за стручна терапија, без разлика колку и да изгледа неочекувано тој страв.

АНАТИДАЕФОБИЈА – страв дека патка ве набљудува

Иако на прв поглед звучи комично, стравот дека патка постојано ве набљудува е дел од поширокото поле што го опфаќа стравот од птици. Многумина не ја признаваат оваа фобија, бидејќи првпат е спомната во стрип на Гери Ларсон, кој прикажува човек што седи во канцеларија додека патка го гледа. Како и кај другите животински фобии, и овој страв често произлегува од негативно искуство со објектот на стравот — во овој случај, со патки или гуски.

ПЛУТОФОБИЈА – страв од пари

Многумина сонуваат да станат богаташи, но не и луѓето кои страдаат од плутофобија. За нив секој контакт со пари е извор на стрес, а самата идеја дека би можеле да се збогатат предизвикува паника. Плутофобичарите често намерно ги саботираат сопствените кариери за да не се доведат во ситуација да станат богати.

ПОГОНОФОБИЈА – страв од бради

Додека мажите поминуваат многу време негувајќи ја својата брада, често не се свесни дека некој може да има анксиозен напад поради неа. Луѓето кои страдаат од погонoфобија ја поврзуваат брадата со несигурност во идентитетот на личноста или со недостиг на хигиена. Овој страв најчесто потекнува од негативно искуство со брадаст човек.

ТУРОФОБИЈА – страв од сирење

Незаменлив состојка во многу јадења, сирењето за некои луѓе е повеќе од деликатес – тоа станува извор на страв. Турофобијата значително влијае врз квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од неа, особено ако работат во прехранбената индустрија. Таа се поврзува и со социјална анксиозност, бидејќи луѓето почнуваат да избегнуваат собири на кои има храна, а со тоа и сирење.

ХИПОПОТОМОНСТРОСЕСКВИПЕДАЛИОФОБИЈА – страв од долги зборови

Понекогаш скратено се нарекува и сесквипедалофобија, а овој страв е иронично една од најдолгите одредници во речникот. Од оваа фобија често страдаат луѓе кои како деца имале непријатно искуство при читање на глас. Симптомите се слични на паничен напад — забрзана работа на срцето, потење, болка во градите…

КСАНТОФОБИЈА – страв од жолта боја

Не е сосема јасно колку се чести фобиите поврзани со бои, како што е ксaнтофобијата, но генерално се сметаат за ретки. Луѓето кои се плашат од жолтата боја избегнуваат секојдневни предмети од таа боја, како и жолта храна.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.