Со речиси 900 врвни ресторани и 150 хотели со пет ѕвездички, титулата му припадна на Париз, францускиот град на љубовта и прочуена дестинација за оние што бараат гламурозно искуство.
Критериуми за луксуз
Нова студија анализираше шест индикатори на богатство и начин на живот за да ги рангира светските градови. Конечниот „Индекс на луксуз“ е креиран со комбинирање на податоци за бројот на милионери и милијардери во однос на бројот на жители, како и густината на врвни ресторани, хотели со пет ѕвездички, луксузни продавници и казина по квадратен километар.
Париз – неспорен победник
Француската престолнина го зазеде првото место најмногу благодарение на својата ненадминлива кулинарска сцена. Градот нуди 834 врвни ресторани на 100 квадратни километри повеќе од која било друга дестинација во светот. Дополнително, Париз се гордее со 142 хотели со пет ѕвездички и дури 10 казина во истата област.
Кој уште е на врвот?
На второто место се најде Мелбурн. Во овој австралиски град живеат околу 94.000 милионери кои можат да избираат меѓу повеќе од 100 елитни ресторани. Мелбурн има и висока концентрација на првокласни хотели (125) и луксузни продавници (143), што им нуди мноштво опции на богатите посетители.
На третото место е Цирих, град што привлекува најголем број милионери по глава на жител. Речиси секој петти жител тука располага со седмоцифрена сума, што го одразува статусот на Цирих како глобален центар за управување со богатство. Градот, исто така, ги почестува своите богати гости со околу 150 врвни ресторани.
10-те најлуксузни градови во светот
- Париз
- Мелбурн
- Цирих
- Мајами
- Милано
- Њујорк
- Лос Анџелес
- Сингапур
- Сеул
- Лондон
Извор: bizlife.rs