Најсилната порака годинава не дојде од институција туку од бренд

Во ера на нотификации, вниманието станува прашање на живот. A1 Македонија почнува моќна национална кампања за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот. Зошто токму оваа кампања останува во глава и по гледањето?

kampanja-5723-fi

Извор: А1 Македонија

По пораката „Јави се и слушни“, која деновиве предизвика силни реакции и големо внимание кај јавноста, официјално беше лансирана националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата “, од страна на А1 Македонија во соработка со Министерство за внатрешни работи која потсетува за важноста за одговорно користење на технологијата.

Искрено, одамна не сум видела кампања од телекомуникациски бренд во Македонија што толку прецизно ја погодува суштината на еден современ проблем, а тоа е зависноста од технологијата во моменти кога вниманието треба да нѝ е најважно. Новата кампања на A1 Македонија за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот е пример како бренд комуникацијата може истовремено да биде емотивна, општествено одговорна и едукативна, без да звучи како класична „опомена“ или уште една формална кампања што брзо се заборава.

После 20+ години во комуникацискиот сектор сум била сведок на многу бренд кампањи кои биле одлични и го анализирале директно проблемот. Меѓутоа она што особено ми остави впечаток е што кампањата не комуницира преку страв, туку преку препознавање на секојдневните навики во кои сите се пронаоѓаме. Сите мислиме дека сме свесни. Сите веруваме дека „само на секунда“ го проверуваме телефонот додека возиме, додека поминуваме улица или додека сме зад волан во сообраќај. И токму тука е најсилната порака на оваа кампања – дека невниманието не секогаш доаѓа од неодговорност, туку од навики што толку многу станале дел од нашето секојдневие, што веќе не ги ни забележуваме.

Во време кога технологијата е продолжение на нашиот живот, многу е тешко брендовите да зборуваат против прекумерната употреба на технологија без тоа да звучи контрадикторно. Но A1 Македонија успеа токму во тоа, да покаже дека не е проблемот во технологијата, туку во нашата неспособност да поставиме граница кога безбедноста треба да има приоритет. И тоа е зрела, современа и многу важна порака.

Кампањата буди емоција затоа што не зборува за „некој друг“. Не зборува за статистики, бројки и апстрактни ризици. Таа зборува за нас. За моментите кога возиме и одговараме на порака. За пешаците со слушалки и поглед вперен во екранот. За родителите што се расеани додека децата им се до нив. За сите оние ситуации кои изгледаат безопасно, сè додека не станат трагични.

Особено е важно што вакви теми конечно почнуваат да се комуницираат преку емоција и емпатија, а не само преку класични безбедносни пораки. Луѓето денес не реагираат на сувопарни предупредувања. Реагираат кога ќе се препознаат себеси во приказната. А токму тоа го прави оваа кампања силна – создава чувство на лична одговорност без агресија и осуда.

Дополнително, мислам дека ова е одличен пример како големите компании треба да ја користат својата моќ и влијание. Не само за продажба и промоција, туку и за отворање теми што реално влијаат на секојдневниот живот на луѓето. Кога бренд со толкав досег ќе започне разговор за безбедност, внимание и одговорност, тогаш пораката има потенцијал навистина да стигне до јавноста.

Во комуникациска смисла, ова е кампања што покажува зрелост. Не се обидува да биде „вирална“ по секоја цена. Не форсира шок. Наместо тоа, гради свест преку реалност која сите ја живееме. И можеби токму затоа функционира толку добро затоа што не делува како реклама, туку како потсетник што нѝ бил потребен одамна.

Во време кога вниманието стана најскапата валута, а телефоните постојано бараат дел од нашиот фокус, ваквите кампањи се повеќе од маркетинг. Тие се општествено важна комуникација. И искрено, би сакала да гледаме повеќе вакви иницијативи и од други брендови, затоа што теми како оваа не треба да бидат само дел од кампања туку дел од културата што ја градиме.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.