Вештачка интелигенција
Повеќе од 2.000 учесници, 100+ говорници, 400+ стартапи и 200+ инвеститори од над 50 земји беа дел од второто издание на Startup Revolution AI Summit, кое се одржа од 1 до 4 октомври
Илон Маск ја прифати новата терминологија што ја промовира американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека AI единицата на неговата компанија SpaceX ќе го промени името од SpaceXAI во SpaceXSI Промената доаѓа по иницијативата на Трамп изразот „artificial intelligence“ да се замени со „super intelligence“,…
Скопје, 2 октомври 2026 – Во Скопје започна Startup Revolution AI Summit 2026, четиридневен настан кој од 1 до 4 октомври ги обединува стартапите, инвеститорите, претприемачите, технолошките компании и претставниците на институциите околу…
Повеќе
Ведран Бајер, Генерален менаџер за Адриа регионот на иновативниот AI-стартап Wonderful, ќе биде говорник на The Economist Meet Up: The World Ahead 2026. Wonderful за кратко време стана компанија која го решава клучниот пазарен предизвик – како вештачката интелигенција да стане навистина применлива во секојдневното работење.
Во продолжение, ви го пренесуваме интервјуто за најновата инвестиција, нивниот уникатен модел и амбициозната мисија да создадат AI-агенти што зборуваат локално, работат прецизно и се адаптираат на секој пазар.
Rakuten Viber ја претстави својата најнова функција – АИ резиме на линкови, со цел да ја направи комуникацијата попродуктивна и поплавна. Новата функција автоматски го сумира содржинскиот дел од секој јавен линк што ќе се појави во разговорите, така што корисниците веднаш можат да се информираат за главните теми од статијата или веб-страницата, без да ја напуштат апликацијата.
Многумина мислат дека никој не може да пишува „точно како нив“, а особено не ChatGPT. Во реалност, работата е прилично едноставна: ако јасно опишеш како пишуваш, му дадеш неколку свои текстови како пример и успат го коригираш она што не ти се допаѓа, АИ може да ти враќа текстови што звучат како ти – само со помалку труд и многу побрзо.
Оваа недела Белград е домаќин на конференцијата DSC Europe – најголемиот регионален собир на експерти за вештачка интелигенција, на кој како претставници на Represent System ќе настапат Борислав Милјановиќ и Лазар Јовановиќ. Тие ќе зборуваат за врската меѓу креативноста, предикцијата и конкретните бизнис резултати, а нашите портали BIZLife и WebMind со гордост ќе бидат медиумски партнери на конференцијата.
Денес, кога секоја фотографија, глас или видео може да биде синтетички, односно генериран од АИ, брендови кои го докажуваат потеклото на содржината добиваат јасна предност. Во АИ-ерата секој може да „создаде“ актер, производ или цела кампања што всушност не постои. Довербата веќе не произлегува од ветувањата, туку од проверливото потекло и транспарентноста. Брендовите што го сфаќаат ова – победуваат.
Во последните неколку години, глобално расте примената на дигитални и AI алатки за процена на кандидатите, кои овозможуваат пообјективно согледување на потенцијалот – не само преку вештини, туку и преку вредности, мотивација и стил на работа. Таквите системи користат валидирани психометриски тестови и алгоритми кои проценуваат колку кандидатот одговара на одредена улога и организациска култура.