„Задачата на HR повеќе не е само да го пополни работното место, туку да ги поврзе вистинските луѓе со вистинските тимови. Кога тоа се прави врз основа на податоци, а не само на впечаток, ризикот се намалува и за работодавецот и за вработениот,“ објаснува Сања Јевѓенијевиќ, HR консултантка и основачка на HR Xcel..
Преку партнерството со белгиската платформа Thalento®, HR Xcel е меѓу првите во регионот што им овозможува на компаниите пристап до дигитални процени на кандидати кои веќе се користат во голем број европски организации. За подобро согледување на кандидатите, решенијата нудат и предлози за прашања за интервју врз основа на профилот што компанијата го бара и карактеристиките што кандидатот навистина ги поседува.
Помалку грешки, повеќе развој
Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од работодавците во светот признаваат дека вработиле кандидат кој не се покажал како добар избор. Во малите и средни претпријатија, каде што секоја личност има клучна улога, последиците од таквите одлуки се особено изразени.
„Во малите тимови секоја грешка веднаш се чувствува. Флуктуацијата може да го парализира работењето и по неколку недели. Затоа е важно да се имаат алатки што помагаат одлуките да се донесат врз основа на факти, а не на интуиција,“ додава Јевѓенијевиќ.
За МСП секторот, дигиталните процени претставуваат можност да се користат истите методи како и во големите корпорации, но со пониски трошоци и побрза примена. На тој начин се намалува неизвесноста при вработување, а работодавците добиваат реален увид во компетенциите на кандидатите – што е особено важно на пазар на труд кој брзо се менува.
Нова култура на вработување
Дигиталните процени не го заменуваат човечкиот фактор, туку го надополнуваат. Целта е попрецизен, поправеден и побрз процес на селекција, кој им помага на компаниите да најдат луѓе што ќе придонесат во тимот од првиот ден.
„Не станува збор за дигитализација на човечноста, туку за професионализација на процесот,“ заклучува Јевѓенијевиќ.