Viber ја воведува новата ВИ-функција за резимирање линкови во разговорите

Rakuten Viber ја претстави својата најнова функција – АИ резиме на линкови, со цел да ја направи комуникацијата попродуктивна и поплавна. Новата функција автоматски го сумира содржинскиот дел од секој јавен линк што ќе се појави во разговорите, така што корисниците веднаш можат да се информираат за главните теми од статијата или веб-страницата, без да ја напуштат апликацијата.

viber-4837-fi

Извор: Rakuten Viber

Со ВИ резимирањето, корисниците добиваат краток и јасен преглед на споделениот линк – без разлика дали станува збор за долг текст, блог-пост или извештај. Функцијата вклучува и автоматски превод, што значи дека ако јазикот на Viber е поставен на македонски, а линкот е на англиски, резимето автоматски ќе се прикаже на македонски.

Новата функција е целосно бесплатна и достапна за сите корисници – во групи, заедници, канали и приватни разговори. ВИ ја обработува само содржината на линкот, а никогаш приватните пораки. Сите приватни преписки на Viber се заштитени со целосна end-to-end енкрипција.
Генерираниот резиме е видливо само за корисникот што го активира, и не се прикажува кај другите учесници во разговорот.

Ова претставува уште еден чекор во пошироката стратегија на Viber за примена на вештачка интелигенција. Минатата година компанијата го претстави ВИ резимето на разговори – краток преглед на непрочитаните пораки заснован на вештачка интелигенција, кој му помага на корисникот побрзо да се информира во подолги разговори. Се очекува Viber скоро да воведе и дополнителни ВИ-алатки со цел да го подобри корисничкото искуство, да заштеди време и да ја направи секојдневната комуникација уште попрактична.

Новата функција ќе биде достапна за сите корисници ширум светот во наредните денови. Со ова, Viber ја зајакнува и иницијативата на Rakuten Group „Triple 20“, чија цел е да ја зголеми ефикасноста, маркетинг-успешноста и оперативноста на бизнисите за 20% преку примена на вештачка интелигенција.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.