Како ChatGPT спаси еден вљубен пар во САД

Во време кога цените на терапевтските услуги достигнуваат до вртоглави суми, многумина бараат алтернативни решенија. Еден од таквите примери е еден пар од Лос Анџелес – Дом Версачи и Абела Бала, кои веќе шест месеци користат ChatGPT како алатка за решавање на конфликтите во нивната врска. Наместо да се потпрат на класична терапија, тие одлучиле да ја вклучат вештачката интелигенција во своите разговори и тврдат дека ова значително го подобрило нивниот однос.

gpt-3204-fi

Извор: web – mind.rs

„ChatGPT ја спаси нашата врска“, изјавила Бала, во интервју за New York Post. Таа објаснува дека вештачката интелигенција и помогнала да ги надмине конфликтите, бидејќи ниту таа, ниту нејзиниот партнер не сакале да влегуваат во бесконечни расправии со chatbot.

Парот плаќа 20 долари месечно за премиум верзијата на ChatGPT, која, како што велат, им помага подобро да ги пребродат проблемите и да ги решат недоразбирањата без потреба од скапи терапии.

„Терапијата е скапа, а понекогаш сè што ви треба е неутрална трета страна која ќе ви каже кој се однесува ирационално“, додаде Версачи, пренесува New York Post.

Вештачката интелигенција – нов облик на терапија?

Chatbot, како средство за решавање на проблеми во врските станува сè попопуларно во САД, особено кај паровите кои не можат или не сакаат да издвојуваат големи суми пари за традиционални терапевти. Цената на индивидуална терапија во градови како Њујорк може да достигне и до 400 долари по сесија, што многумина ги принудува да бараат алтернативни решенија.

Сепак, стручњаците предупредуваат дека вештачката интелигенција сè уште не е соодветна замена за професионална помош.

Ешли Вилијамс, лиценциран советник за ментално здравје од Њујорк, смета дека chatbot може да биде корисен за подобрување на комуникацијата и решавање на помали недоразбирања, но истакнува дека вештачката интелигенција не може целосно да ја замени човечката експертиза.

„Сè уште нема доволно истражувања кои потврдуваат дека советите на ChatGPT се целосно сигурни. Колку лични податоци откривате пред вештачката интелигенција и каде се складираат тие информации?“ – прашува Вилијамс.

Извор: web – mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.