Љубов

Повеќе

Вистина е дека смеата е најдобриот лек. И дека можете да ја употребите и кога ништо не ви е смешно. Исто така, хуморот во врската и во животот спаѓа во здравите одбранбени механизми. Добро е да се согледа смешната страна на драмата, да се смееме на сопствените слабости и да се ублажат тензиите. Секако, на вистински начин, во кој нема секогаш да го држите хуморот како штит од ранливоста.
Колку и да е возбудлив, дејтингот (запознавањето луѓе и одењето на состаноци) е пред сè стресен. Штом работите ќе се спуштат од допишување и виртуелен флерт во реалноста, стануваме анксиозни. Првото прашање што ве мачи е дали воопшто ќе дојде до првиот состанок. А кога конечно ќе договорите средба, анксиозноста не ви дозволува да спиете и да се појавите на првиот состанок во своето најдобро издание.
Постои теорија според која во текот на животот сакаме трипати, и тоа на три различни начини.
Со влегувањето на Венера во Бик на 30 март и полната Месечина во Вага на 2 април, оваа недела носи тензија меѓу потребата за стабилност и потребата да се расчистат односите. Марс и Меркур и натаму се во Риби, а сезоната на Овен е во полн замав.
Кога беше објавен бестселерот на Гери Чепмен, „Петте јазици на љубовта“ (The Five Love Languages), целиот свет стана посвесен за артикулирањето и управувањето со емоциите. Квалитетното време, чиновите на служење, зборовите на потврда, давањето подароци и физичкиот допир постепено станаа задолжителен дел од емоционалното воспитување и култура. Подоцна, на овие јазици беа додадени и емоционалната сигурност и заедничките искуства. Меѓутоа, нови јазици на љубовта и понатаму се откриваат, односно се препознаваат.
Доследноста е она што навистина го одржува односот силен и исполнет, не се потребни грандиозни гестови, скапи подароци или постојани изненадувања за здрава и среќна врска. Вистинската вредност на врската лежи во секојдневната доследност, подготвеноста за искрен разговор и поправка кога работите ќе тргнат наопаку, како и во волјата одново да го избираме партнерот, дури и во тешките моменти. Вистинската блискост не настанува од неизвесност или од играта „ќе биде или нема да биде“, туку од сигурноста што ја градиме со мали постапки, внимание и отвореност.
All articles loaded
No more articles to load