Извршниот директор на Google DeepMind: Нè делат само 10 години од ВИ која размислува како човек

Колку сме далеку од свет каде што машините ќе размислуваат како луѓето? Водечките умови во индустријата сè уште се поделени околу времето кога AGI ќе стане реалност.

deepmind-3225-fi

Извор: Freepik

Вештачката интелигенција што може да му парира на човекот во секоја задача сè уште не е реалност — но според извршниот директор на Google DeepMind, Демис Хасабис, тоа е само прашање на време. Тој предвидува дека такви системи ќе почнат да се појавуваат во наредните пет до десет години, се наведува во текстот објавен на CNBC.

На прес-конференција во канцелариите на DeepMind во Лондон, Хасабис изјави дека верува оти се приближуваме кон генеративната вештачка интелигенција (AGI) – интелигенција што е подеднаква или дури и понапредна од човечката.

„Денешните системи се сè уште доста пасивни и има многу нешта што не можат да ги направат. Но, во следните 5 до 10 години, многу од тие способности ќе почнат да се појавуваат,“ изјави Хасабис.

Тој ја дефинира AGI како систем што може да извршува сите сложени задачи што ги може човекот, во различни области.

„Сè уште не сме таму. Системите што ги имаме денес се импресивни, но постојат и задачи што не ги совладале. Не очекува уште многу истражување,“ додаде тој.

Кога ќе пристигне AGI? Мислењата се различни

Хасабис не е единствениот што дава предвидувања – но експертите не се согласуваат околу времето.

Минатата година, извршниот директор на Baidu, Робин Ли, изјави дека AGI е повеќе од 10 години далеку, предупредувајќи дека не треба да се наседнува на претерано оптимистички прогнози.

Други, пак, се многу поагресивни во своите проценки:

  • Дарио Амодеи, директор на стартапот Anthropic, изјави за CNBC дека очекува AI што ќе биде подобар од луѓето во повеќето задачи во следните 2 до 3 години.
  • Џиту Пател, главен директор за производи во Cisco, рече дека AGI би можел да се појави веќе во 2025 година.
  • Елон Маск предвиде AGI до 2026, а извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, вели дека ова може да се случи „во разумно блиска иднина“.

Џиту Пател ја опиша еволуцијата на вештачката интелигенција преку три фази:

  1. Основна AI – она што го користиме денес
  2. Вештачка општа интелигенција (AGI) – кога когнитивните способности на машината се рамни со човечките
  3. Суперинтелигенција (ASI) – кога AI ја надминува човечката интелигенција

„Ќе видиме значајни докази за AGI уште во 2025“, рече Пател. „А суперинтелигенцијата, според мене, е оддалечена само неколку години.“

Сепак, Хасабис предупреди дека никој со сигурност не знае кога би можела да се појави суперинтелигенцијата.

Што треба да се случи пред да дојде AGI?

Според Хасабис, клучот е да се развијат AI системи што можат да разберат контекст од реалниот свет, не само од симулации и игри.

Иако вештачката интелигенција веќе ги победува луѓето во сложени игри како Go или StarCraft, пренесувањето на тие способности во реалниот свет е многу потешко.

„Направивме голем напредок со таканаречените „модели на светот“ – ВИ што има разбирање за својата околина,“ рече Хасабис.
„Следниот чекор е да ги поврземе овие модели со алгоритми за планирање и одлучување.“

Тој додаде дека мулти-агентски системи – во кои повеќе ВИ агенти комуницираат и соработуваат – добиваат сè поголемо внимание зад кулисите.

Еден пример е работата на DeepMind со играта StarCraft, каде AI агенти учат да играат како тим, да се натпреваруваат и да комуницираат.

„Кога агентот може да објасни што знае, кои алатки ги користи – станува покорисен,“ додаде Томас Куриан, директор на Google Cloud. „Кога ќе го воспоставите тој интерфејс, другите агенти можат да комуницираат со него.“

Генеративната вештачка  интелигенција — интелигенција на ниво на човек — доаѓа, но сѐ уште нема согласност кога точно ќе стигне. За Хасабис, тоа е за 5 до 10 години. За други – уште побргу.

Но едно е сигурно – развојот брзо напредува, и ВИ системите учат со сè побрзо темпо.

Дали ќе биде во 2025 или 2035, AGI веќе не е само научна фантастика — туку реална трка која е веќе започната.

Извор – CNBC

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.