Apple со нов пристап за настани на новите производи?

Apple подготвува нов формат за претставување на своите производи - најавена тридневна серија објави во март.

apple-5423-fi

Извор: Apple

Apple ги покани технолошките медиуми на „специјално Apple искуство“ закажано за 4 март, но според информации од индустриски извори, настанот би можел да се разликува од традиционалните презентации на компанијата.

Според извештај на новинарот Марк Гурман од Bloomberg, наместо една главна презентација, Apple планира тридневна серија најави кои најверојатно ќе бидат објавувани онлајн. Завршницата на оваа иницијатива ќе биде на 4 март, кога во Њујорк, Лондон и Шангај ќе се одржат настани на кои претставниците на медиумите ќе имаат можност директно да ги тестираат новите уреди, пренесе Techcrunch, додавајќи дека и очекувањата на Џон Грубер од Daring Fireball се слични, кој посочи дека станува збор за практично искуство со демонстрации во живо.

Неофицијалните информации упатуваат дека Apple подготвува најмалку пет нови производи. Меѓу нив се споменуваат поевтин MacBook модел, iPhone 17e, iPad Air со M4 чип, нов основен iPad, како и освежени верзии на MacBook Air и MacBook Pro. Се очекува сите овие уреди да бидат претставени во текот на пролетта, иако засега не е потврдено кои точно од нив ќе бидат најавени сега во март.

Со ваквиот пристап, Apple би можел да воведе нов модел на комуникација со јавноста и медиумите, со фокус на постепено објавување информации и практично претставување на производите.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.