Доба на комерцијални летови во вселената пристигнаа, а на оваа растечка индустрија ѝ е потребна квалификувана работна сила. Проблемот е што бројот на обучени астронаути е ограничен, а малкумина од нив имаат #opentowork на својот LinkedIn профил.
Тој недостиг на кадар (во комбинација со тоа што сè уште не постојат јасни стандарди за обука на комерцијални астронаути) ги поттикна некои компании да почнат да примаат пријави:
- Францускиот The Spaceflight Institute планира да воведе сопствени сертификати за комерцијални астронаути со цел да постави „референтен стандард“ за нивната обука. Во моментов нудат тридневен курс кој чини околу 940 долари.
- Sierra Space Human Spaceflight Center — дел од компанијата Sierra Space која се занимава со вселенски и одбранбени технологии — развива програма која ги комбинира класичните методи за обука на астронаути со нови сознанија од комерцијалните вселенски летови. Нивната цел? Да нè воведат во Орбиталната ера (да, навистина го имаат регистрирано тој назив).
- Nancy Vermeulen Space Training Academy нуди серија приватни тренинзи што ги води Ненси Вермелен, поранешна инструкторка за пилоти во комерцијалната авијација и командант на симулација на мисија на Марс во Јута. Во рамки на курсот, учесниците очекуват лет во бестежинска состојба и симулирана мисија на Марс.
Дали вреди?
Верувале или не, вредноста на ваквата обука можеби ја надминува самата можност да имате одличен материјал за играта „две вистини и една лага“, пишува The Hustle.
Според извештајот на Светскиот економски форум од 2024 година, вселенската економија до 2035 година ќе достигне вредност од 1,8 билиони долари, во споредба со 630 милијарди во 2023 година.
Пазарот на вселенскиот туризам се проценува дека ќе надмине 10 милијарди долари до 2030 година,со раст од 888,3 милиони во 2023 година.
Според податоците на The Spaceflight Institute, моментално во светот има сертифицирано помалку од 150 астронаути, што претставува работна сила која би можела да стане сериозно преоптоварена како што индустријата продолжува да расте.
На крајот, програмите за обука на комерцијални астронаути укажуваат на огромна празнина во секторот, кој е подготвен за полетување.
Единствената мана? Се зборува дека патот до работното место е баш, баш напорен.