Сепак, токму тоа се случило на 5 јули 1946 година, кога францускиот инженер и дизајнер Луи Реар (Louis Réard) му претстави на светот едно модно парче кое засекогаш ќе ја промени историјата на модата.
Од атомска бомба до костим за капење
Само неколку дена пред промоцијата на новиот костим за капење, САД изведоа нуклеарна проба на Атолот Бикини во Пацификот. Тестот беше главна светска вест, а Реар веруваше дека и неговиот дизајн ќе има еднакво „експлозивен“ ефект врз јавноста. Затоа го нарече бикини.
Името што требаше да симболизира модна револуција денес се доживува само како назив, но неговото потекло потсетува на периодот кога светот истовремено влегуваше во атомското доба и во нова ера на општествени промени.
Првото бикини било толку мало што никој не сакал да го носи
Реар не бил првиот што осмислил дводелен костим за капење. Уште во триесетите години жените во Европа носеле дводелни модели, но тие повеќе личеле на кратки шорцеви и топ дебел материјал стомакот бил речиси целосно покриен, а папокот никогаш не смеел да се види.
Истовремено, друг француски дизајнер, Жак Хајм (Jacques Heim), претстави свој модел кој го нарече „Атом“, рекламирајќи го како „најмалиот костим за капење на светот“.
Реар реши да отиде чекор подалеку. Неговото бикини се состоело од градник и два мали триаголници од ткаенина поврзани со тенки ленти. За изработка биле потребни само 75 сантиметри материјал. Рекламата гласела:
„Помало од најмалиот костим за капење на светот.“
Подоцна тој тврдел дека бикинито не е вистинско бикини „ако не може да се провлече низ венчален прстен“.
Кога манекенките рекоа „НЕ“
Проблемот настанал кога требало да се најде некој што ќе го претстави пред јавноста. Ниту една професионална манекенка не сакала да облече толку оскуден костим, сметајќи го за премногу провокативен.
На крајот, Реар ја ангажирал Мишелин Бернардини, егзотична танчерка од париското казино. Таа на 5 јули 1946 година на базенот Piscine Molitor во Париз прошета во бикини направено од ткаенина со отпечатен весникарски текст симболично алудирајќи дека за него ќе пишува целиот свет. И беше во право. Бернардини наводно добила повеќе од 50.000 писма од обожаватели, што за тоа време било вистинска медиумска сензација.
Забрането на плажите
Иако предизвика огромно внимание, бикинито не стана веднаш прифатено. Во текот на четириесетите и педесетите години беше забранувано на бројни европски плажи. Во делови од Италија и Шпанија, локалните власти ги казнуваа жените кои го носеа, додека Католичката црква го прогласи за непристојно.
Вистинската популарност бикинито ја стекнува дури во средината на педесетите благодарение на европските актерки:
- Брижит Бардо се појави во бикини на плажите во Сен Тропе и стана симбол на новата генерација жени кои го отфрлаа повоениот конзервативизам.
- Софија Лорен и Урсула Андрес (чија сцена на излегување од морето во бело бикини во филмот „Dr. No“ стана една од најпознатите во историјата на кинематографијата) дефинитивно го освоија светот.
Во 1960 година, американскиот пејач Брајан Хајланд го објави хитот „Itsy Bitsy Teenie Weenie Yellow Polka Dot Bikini“. Песната дополнително го нормализираше ова парче облека во американската поп-култура, а сурферската култура во Калифорнија го претвори во симбол на младоста и слободата.
Всушност, бикинито е многу постаро отколку што мислиме
Иако 1946 година се смета за година на неговото „раѓање“, археолошките наоди покажуваат дека идејата не е нова. На славните римски мозаици во Villa Romana del Casale на Сицилија, настанати во 4 век, прикажани се жени кои носат облека многу слична на денешното бикини додека спортуваат.
Она што некогаш беше забранувано, денес е една од најпродаваните категории во модната индустрија вредна десетици милијарди долари. Она што во 1946 година претставуваше провокација, денес е симбол на летото, одморот и слободата на изборот.
Извор: bizlife.rs