Живееме брзо, динамично, со состаноци, пораки и обврски што се множат секој ден. Но едно нешто останува исто желбата да ставиме топол, вкусен и здрав оброк на масата.
Добрата вест?
Не мора да биде комплицирано.
Доволно е да биде паметно, брзо и со малку трикови што навистина спасуваат време.
Овие пет рецепти се создадени за денови кога сме преморени, гладни и без многу време но сепак сакаме нешто „домашно“. И секој од нив е избалансиран оброк со малку состојки и многу вкус
1. One-Pot кремаст ориз со зеленчук – 15 минути
Идеален за вечери кога ти треба нешто лесно, топло и без неред во кујната.
Потребно:
- 1 чаша ориз
- тиквичка и морков
- кромид
- 1 коцка MAGGIE зеленчуков бујон
- малку маслиново масло
Зошто е избалансиран?
Оризот дава стабилна енергија, зеленчукот внесува растителни влакна и витамини, а бујонот додава минерали и богат вкус. Совршен оброк за „лесна“ вечер што сепак заситува.
Подготовка:
Пропржете кромид, додадете зеленчук, ориз и MAGGIE бујон со вода. Варете 15 минути додека да стане кремасто. Јадење што го сакаат и најмалите.
2. Крцкаво пилешко во AirFryer – 12 минути
Кога сите сакаат нешто вкусно, а ти сакаш да избегнеш пржење и беспотребни маснотии.
Потребно:
- 400 g пилешки ленти
- 1 кесичка MAGGIE Air Fryer Crispy вкус по желба
- 1 јајце
- свежа салата (марула/краставица)
Зошто е избалансиран?
Пилешкото е чист протеин, MAGGI мешавината дава крцкава текстура без масло, а салатата додава свежина и витамини. Брзо, лесно и нутритивно балансирано.
Подготовка:
Протнете ги лентите низ јајце и MAGGI мешавината. Печете 10–12 минути. Послужете со свежа салата — ручек или вечера за помалку од 15 минути.
3. Брзи MAGGIE Chicken нудли со зеленчук – 8 минути
За денови кога гладта е итна, а времето е ограничено на „веднаш“.
Потребно:
- 1 порција MAGGIE нудли Chicken
- морков и пиперка
- 1 чешне лук
- соја сос (по желба)
Зошто е избалансиран?
Нудлите даваат енергија, зеленчукот носи витамини и боја, а лесниот сос создава балансиран, мал оброк што заситува без тежина. Идеален за ужина или брза вечерна доза енергија.
Подготовка:
Сварете ги нудлите, пропржете зеленчук, измешајте сè. 8 минути – мисија завршена.
4. 10-минутна домашна супа со течен MAGGIE зачин
Кога сакате топлина, смирување и лесен оброк што се подготвува брзо.
Потребно:
- 1 морков
- 1 тиквичка
- 1 целер
- 1 пашканат
- 1 кромид
- 1 лук
- 1 магдонос
- 1 лажичка течен MAGGIE зачин
- вода
Зошто е избалансиран?
Благо варен зеленчук + течност + лесни зачини создаваат оброк што се вари брзо, смирува и хидрира. Одличен избор за преку ден или лесна вечерна опција.
Подготовка:
Варете го зеленчукот 10 минути, додајте течен MAGGI зачин и сервирајте. Вкус што потсетува на дома.
5. Брз болоњезе со MAGGIE говедски бујон – 15 минути
Кога сакате домашна класика што изгледа како да сте ја динстале со часови (а не сте).
Потребно:
- 300 g мелено месо
- 1 Кромид
- 1 Морков
- 1 Лук
- 200г печурки
- 200мл црвено вино
- 1 коцка MAGGIE говедски бујон
- 300 g доматен сос
- шпагети
- малку маслиново масло
Зошто е избалансиран?
Комбинацијата протеин (месо) + јаглехидрати (тестенини) + антиоксиданси (доматен сос) создава комплетен, заситувачки оброк. Бујонот додава богатство на вкус без да ви требаат десет различни зачини.
Подготовка:
Пропржете го кромидот, лукот и морковот. Додаете го месото и печурките пропржете и додадете го виното. Откако алкохолот ќе испари додадете доматен сос и MAGGIЕ бујон. Варете 10 минути и измешајте со шпагети. Класика што никогаш не промашува.