Среда е, 16.30 часот. Состанокот се одолжи, пораките не престануваат, а прашањето „што ќе јадеме денес?“ повторно виси во воздухот. Брзата храна е само еден клик од нас, но знаеме дека не мора така.
Тајната на добриот ручек во работна недела не е во сложени рецепти, туку во неколку паметни основи. Нешто топло што може да се свари однапред. Нешто што се завиткува за пет минути. И неколку состојки што секогаш ги има во кујната, како коцка Maggi бујон што на секое јадење му дава длабочина или лажица THOMY мајонез што од обична салата прави нешто посебно.
Еве пет идеи за оваа недела. Сите се едноставни и лесно се носат на работа.
1. Крем чорба од тиква
Време: 30 минути · За 4 лица
Октомври без тиква не е октомври. Оваа чорба е кадифена, топла и се подготвува со минимум труд, а може да се свари уште во неделата и да трае до средата.
Извор: Webmind редакција
Состојки:
- 800 г тиква (најдобро путер-тиква), излупена и исечена на коцки
- 1 поголем кромид, 1 морков и 1 батат
- 2 чешниња лук
- 1 лажица маслиново масло
- 1 л вода и 2 коцки Maggi зеленчуков бујон
- 100 мл павлака + коцка путер
- Мускатко оревче
- Мелен индиски орев за поросување
Подготовка:
- На маслото пропржете ги исечканиот кромид, морковот и лукот околу 5 минути.
- Додадете ги тиквата и бататот и налејте ја водата во која сте ги раствориле коцките бујон.
- Варете 20 минути, додека тиквата и бататот сосема не омекне.
- Изблендирајте до кремаста густина, вмешајте ја павлаката и путерот, додадете мускатно оревче и послужете со мелени индиски ореви
Совет: Малку рендан ѓумбир во комбинација со мускатно оревче ѝ даваат топла, зимска нота.
2. Тортиља со туна
Време: 10 минути · За 2 тортиљи
Брзиот ручек што секој го сака. Конзерва туна, малку свежина и кремаст фил, и обичната тортиља станува вистински оброк.
Извор: Webmind редакција
Состојки:
- 1 конзерва туна (160 г),
- 2 лажици THOMY мајонез
- 150г грчки јогурт со 2% мсленост
- 1 лажичка сенф
- сок од половина лимон
- ½ црвен кромид, ситно исечкан
- 3 лажици пченка
- Маслинки, кисели краставички
- 1 домат и неколку листови зелена салата
- 2 тортиљи
Подготовка:
- Измешајте ги туната, мајонезот, грчкиот јогурт сенфот, лимонот, кромидот и пченката, маслинките и киселите краставички.
- На тортиљата наредете зелена салата и домат, а одозгора филот.
- Завиткајте цврсто, ставете на тостер да се потпече (или на тава) и пресечете на половина.
Совет: Завиткана во фолија, тортиљата лесно го преживува патот до канцеларија.
3. „Marry мe“ пилешка тортиља
Време: 25 минути · За 4 тортиљи
Името го доби на социјалните мрежи, со легендата дека е толку вкусна што може да предизвика предлог за брак. Ние ја спакувавме во тортиља, за да може да се јаде и меѓу два состанока.
Извор: Webmind редакција
Состојки:
- 500 г пилешки гради, исечени на ленти
- сол, бибер и оригано
- 1 лажица масло
- 2 чешниња лук
- 1 коцка Maggi пилешки бујон растворена во 200 мл топла вода
- 150 мл слатка павлака за готвење
- 50 г рендан пармезан
- 6–8 сушени домати, исечени на ленти
- шака свеж спанаќ
- 4 тортиљи
Подготовка:
- Зачинете го месото и пропржете го 6–7 минути, додека не порумени. Тргнете го настрана.
- Во истата тава пропржете го лукот половина минута, па налејте ги бујонот и павлаката.
- Додадете ги пармезанот и сушените домати и оставете сосот да крчка 3–4 минути, додека не се згусне.
- Вратете го месото, додадете го спанаќот и мешајте додека не овене.
- Наполнете ги тортиљите и по желба пропечете ги во сува тава по една минута од секоја страна.
Совет: Ако немате пармезан, кашкавалот одлично ќе го замени.
4. Телешка чорба
Време: 60 минути · За 4–6 лица
Ова е ручекот на кој мириса домот. Не е најбрзиот на листата, но затоа е најблагодарниот. Сварете ја во недела, а таа ве чека до средината на неделата. Вистината е дека телешката чорба утредента е уште повкусна.
Извор: Webmind редакција
Состојки:
- 500 г телешко месо без коска, исечено на коцки
- 1 кромид, 2 моркови, парче корен од целер и 1 пиперка
- 2 компири
- 1,5 л вода и 3 коцки Maggi говедски бујон
- 1 лажица брашно и 1 лажичка слатка црвена пиперка
- 1 жолчка и 2 лажици кисело млеко
- свеж магдонос
Подготовка:
- Пропржете го месото на малку масло, па додадете ги кромидот и ситно исечканиот зеленчук.
- Налејте ја водата со растворените коцки бујон и варете на тивок оган околу 45 минути.
- Додадете ги компирите исечени на коцки и варете уште 15 минути.
- Направете запршка: пропржете го брашното на лажица масло, тргнете од оган, додадете ја црвената пиперка, разредете со малку чорба и вратете во тенџерето.
- Изматете ја жолчката со киселото млеко, стоплете ја со неколку лажици чорба и вмешајте ја на крај, без повеќе да врие. Посипете со магдонос.
Совет: Во термос оваа чорба е најдобриот ручек на работа во студените денови.
5. Есенска салата со лесен дресинг
Време: 15 минути · За 2 лица
Боја, крцкавост и сладок вкус. Есента ги нуди сите состојки за салата што е доволна како цел оброк.
Извор: Webmind редакција
Состојки:
- 2 шаки рукола или мешана зелена салата
- 1 јаболко, тенко исечено
- 1 варено цвекло, исечено на коцки
- шака ореви
- 100 г сирење
За дресингот:
- 2 лажици THOMY мајонез
- 2 лажици грчки јогурт
- 1 лажичка мед
- сок од половина лимон
- сол и бибер
Подготовка:
- Наредете ги зеленилото, јаболкото, цвеклото и оревите во чинија, а одозгора наросете го сирењето.
- Измешајте ги состојките за дресингот додека не станат мазни.
- Прелијте непосредно пред јадење.
Совет: Носете го дресингот во посебна тегличка, за салатата да остане свежа и крцкава до ручекот.
Добрата работна недела не почнува со совршено мени, туку со малку однапред размислување. Една супа во фрижидерот, неколку тортиљи во шкафот и дресинг во тегла се доволни за ручекот повеќе да не биде стрес, туку пауза што ја чекате.
Извор: Webmind редакција