рецепти

Повеќе

Понекогаш не ни треба нов кулинарски предизвик, туку само добар ручек што нема да направи хаос во кујната. Пастата затоа е секогаш сигурен избор, брзо се подготвува, лесно се приспособува на она што веќе го имате дома, а со неколку добри состојки може да изгледа како многу посериозен оброк отколку што навистина е.
Сите барем еднаш сме се нашле во иста ситуација. Телефонот ѕвони, пријателите се во близина, семејството доаѓа на кафе или гостите неочекувано најавуваат дека ќе дојдат. Домот можеби не е совршено среден, но најголемата дилема обично е: што да послужите со кафето?
Со првите постудени вечери се менуваат и вкусовите на кои им даваме предност во чашата. Лесните летни spritz коктели им отстапуваат место на побогати вкусови, сезонско овошје, ароматични билки и потопли зачини. Јаболкото, крушата, ѓумбирот и јаворовиот сируп повторно доаѓаат во преден план, но овојпат во комбинации што се малку пософистицирани од очекуваните класици.
„Meal prep“ звучи одлично сè додека не сфатите дека неговата идеална верзија подразбира недела попладне, неколку часа во кујната, пет различни садови и доволно мотивација да подготвите храна за цела недела. Ако уште од самата помисла на тоа ви се нарачува храна за достава, имаме подобра идеја.
Ако барате грицка со која ќе ги воодушевите гостите на следното дружење, не барајте понатаму. Овој домашен чипс од компири и тиквички, збогатен со сланина и горгонзола, носи совршен спој на вкусови и текстури. Крцкавиот зеленчук, богатиот вкус на сирењето и солената нота на сланината создаваат залак што долго се памети.
Наташа Кравчук, авторка на популарниот блог и YouTube-канал Natasha’s Kitchen, објави рецепт за лосос што се подготвува за само 10 минути, во сос од лимон и потпечен путер. За кратко време, овој рецепт стекна огромна популарност.
All articles loaded
No more articles to load