музика

Повеќе

Има посебна убавина во најава на овој настан….ТЕГЕТ. Нашите Благојче Томевски – бас кларинет, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон, Филип Букршлиев – гитара, Влатко Јаневски – бас гитара, Дарио Циевски – тапани, Дориан Јовановиќ – бас, Никола Коџабашија – клавијатури, Александар Поп Христов – коментаристичка гитара, Пано Панче Бујуклиев – електроника.Од сите страни на светот, секој со својот инструмент, секој со својата оргиналност и уникатност, заедно во нашето Скопје, на иста сцена, во име на и за музиката.
Со над еден милион месечни слушатели на Spotify, рок „бендот“ The Velvet Sundown заработува илјадници долари, додека музичката индустрија се соочува со тешки прашања.
Забавата каква што ја познаваме е на прагот на револуционерна промена, а главен сценарист на оваа трансформација е, кој ако не, вештачката интелигенција, која не само што препорачува содржина, туку сè повеќе учествува во нејзиното обликување, создавајќи искуства прилагодени на вкусот на секој поединец.
Мајк Смит, човек кој некогаш водел медицинска клиника во Северна Каролина, се најде во центарот на еден од најголемите случаи на измама со стриминг во американската музичка индустрија.
Композиторот на мелодијата за Windows 95, Брајан Ино, ја осудува компанијата Microsoft за нејзините врски со израелската влада.
Инженери од Универзитетот Нортвестерн развија иновативен уред кој им овозможува на корисниците преку кожата да почувствуваат различни видови на допир – не само вибрации, туку и притисок, истегнување, лизгање и вртење. За разлика од постојните хаптички технологии што главно се потпираат на вибрации, овој лесен, безжичен уред користи прецизно контролирани движења за да симулира многу покомплексни тактилни сензации.
All articles loaded
No more articles to load