На малкумина им е познато дека Брајан Ино, еден од најзначајните и највлијателни музички иноватори во последниве 50 години, е креатор на познатата мелодија во времетраење од 7 секунди на Windows ’95. Ова мало „парче музика“, кое сите го слушавме секој пат кога ќе го вклучевме компјутерот, неодамна беше внесено и во Library Of Congress’ National Recording Registry. Користејќи го својот минат труд и поврзаноста со Microsoft, г-нот Ино вчера на својот Instagram профил објави отворено писмо до компанијата насловено како: Не во мое име: Отворено писмо од Брајан Ино до Microsoft, во кое тој вели:
„Во средината на 1990-тите без запрашан да компонирам кратка музичка нумера за оперативниот систем Windows 95 на Microsoft. Милиони, можеби дури и милијарди луѓе од тогаш ја слушнале таа кратка почетна мелодија, која своевремено претставуваше врата кон ветувачка технолошка иднина. Со задоволство го прифатив проектот како креативен предизвик и уживав во интеракцијата со моите контакти во компанијата. Никогаш не би поверувал дека иста таа компанија еден ден може да биде вмешана во машинеријата на репресија и војна.
Денес, чувствувам потреба да зборувам, не како композитор, туку како граѓанин загрижен за улогата што Microsoft ја игра во многу различен вид на композиција: онаа која води до надзор, насилство и уништување во Палестина.
Во пост на блог од 15 мај 2025, Microsoft призна дека му обезбедува на Министерството за одбрана на Израел „софтвер, професионални услуги, Azure клауд услуги и Azure AI услуги, вклучувајќи превод на јазици“. Тие понатаму наведоа дека „важно е да се признае дека Microsoft нема увид во тоа како клиентите ги користат нашите софтвери на нивните сервери или други уреди“. Овие „услуги“ поддржуваат режим кој е вклучен во акции опишани како геноцид од водечките правни стручњаци и организации за човекови права, од експертите на Обединетите нации, и сѐ повеќе бројни влади од целиот свет. Соработката меѓу Microsoft и израелската влада и војска не е тајна и вклучува користење на софтверот на компанијата во смртоносни технологии со „забавни“ имиња како „Каде е тато?“ (системи за за следење на Палестинци со цел да ги разнесат во нивните домови).
Продажбата и овозможувањето на напредни AI и услуги на облак на влада која е вклучена во систематско етничко чистење не е „обичен бизнис“. Тоа е соучество. Ако свесно изградите системи кои можат да овозможат воени злосторства, неизбежно станувате соучесник во тие злосторства.
Ние сега живееме во ера каде корпорации како Microsoft неретко имаат поголемо влијание од самите влади. Верувам дека со таква моќ доаѓа апсолутна етичка одговорност. Во согласност со тоа, ги повикувам Microsoft да ги суспендираат сите услуги кои поддржуваат операции што придонесуваат за прекршување на меѓународното право.
Мојата нова почетна мелодија е ова: Стоите во солидарност со храбрите работници на Microsoft кои направија ја направија вистинската работа и одбија да останат тивки. Тие го ризикуваат својот живот за луѓе кои ги загубиле, и ќе продолжат да ги губат своите животи.
Ги повикувам уметниците, технолозите, музичарите и сите луѓе со совест да ми се приклучат во овој повик.
Исто така, ветувам дека надоместокот кој првично го добив за тогашната мелодија за Windows 95, сега ќе биде насочен кон помош на жртвите од нападите во Газа. Ако звукот може да сигнализира вистинска промена, тогаш нека биде оваа!“