музика

Повеќе

Вештачката интелигенција сè повеќе продира во нашето секојдневие, а сега официјално ги освои и музичките листи. Пејачката со вештачка интелигенција, Ксанија Моне, стана првата уметница што е целосно создадена и управувана од вештачка интелигенција која оствари доволно радио-емитување за нејзините песни да се најдат на Билборд листите, правејќи историски пресврт во музичката индустрија.
Spotify ја претстави функцијата Messages, нова можност што им овозможува на корисниците да споделуваат музика, подкасти и аудио-книги во рамките на самата апликација, преку приватни пораки до пријатели и семејство. Овој потег отвора врата кон уште посоцијално искуство во слушањето, но истовремено поставува прашања за приватноста и безбедноста на комуникацијата.
Има посебна убавина во најава на овој настан….ТЕГЕТ. Нашите Благојче Томевски – бас кларинет, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон, Филип Букршлиев – гитара, Влатко Јаневски – бас гитара, Дарио Циевски – тапани, Дориан Јовановиќ – бас, Никола Коџабашија – клавијатури, Александар Поп Христов – коментаристичка гитара, Пано Панче Бујуклиев – електроника.Од сите страни на светот, секој со својот инструмент, секој со својата оргиналност и уникатност, заедно во нашето Скопје, на иста сцена, во име на и за музиката.
Со над еден милион месечни слушатели на Spotify, рок „бендот“ The Velvet Sundown заработува илјадници долари, додека музичката индустрија се соочува со тешки прашања.
Забавата каква што ја познаваме е на прагот на револуционерна промена, а главен сценарист на оваа трансформација е, кој ако не, вештачката интелигенција, која не само што препорачува содржина, туку сè повеќе учествува во нејзиното обликување, создавајќи искуства прилагодени на вкусот на секој поединец.
Мајк Смит, човек кој некогаш водел медицинска клиника во Северна Каролина, се најде во центарот на еден од најголемите случаи на измама со стриминг во американската музичка индустрија.
All articles loaded
No more articles to load