вработување

Повеќе

Интервјуата за работа секогаш се доживуваат како предизвик во кој никој не ужива особено, без разлика колку и да сте подготвени и искусни за работното место за кое аплицирате. Неизвесноста ја создава тремата во помал или поголем размер, зависно од личноста, а ова е особено изразено кај сите кои туку што се на почетокот на својата кариера.
Во постојано променливиот пазар на труд често се зборува за тоа колку е тешко или лесно вработувањето во посакуваната компанија. Доколку спаѓате во оние кои аплицираат за работни позиции за кои побарувачката високо котира, сигурно дека патот до вработувањето е олеснет од самиот почеток, но за останатите тој може да биде доста предизвикувачки и напорен поради повеќе фактори како што се огромниот обем на апликанти, економските трендови и самата сложеност на процесот на вработување.
Новите истражувања покажуваат дека компаниите бараат една вештина, која е најтешко да се најде кога вработуваат. Ставањето на сите ваши вештини и знаења во вашата биографија не е доволно за да добиете нова позиција. Вашиот потенцијален шеф сака да види дека сте дисциплинирани, доверливи и се грижите за вашата работа.
Работниот пејзаж драстично се менува уште од пандемијата и станува невозможно еден модел на работење да се задржи подолго време. Во прв ред на овие промени се човечките ресурси, односно жонглирањето помеѓу вработувањата и задржување на вработените, работа во канцеларија или од далечина.
All articles loaded
No more articles to load