Грешки во кариерата поради кои поискусните потешко наоѓаат нова работа

Поискусните работници потешко наоѓаат нови можности за работа, а дел од „вината“ за тоа ја сносат и тие самите, бидејќи понекогаш несвесно се неприемчиви за современите деловни правила и подложни на предрасуди во однос на своите помлади колеги.

greshki-vo-kariera-1939-fi

Извор: Freepik

Додека се вработени, не сметаат дека е потребно да се усовршуваат понатаму

Работата веќе не е статична, како што можеби некогаш била. Позицијата што некој ја извршува бара постојана посветеност и усовршување. Доколку работодавачот им нуди тренинзи и курсеви на своите вработени, некои луѓе кои веќе долго време се на тоа работно место веруваат дека овие часови се наменети за оние кои се нови во компанијата, па затоа и не ги посетуваат.

Мислат дека ќе работат и со наполнети 66 години

Ова е смешна претпоставка, особено во компании кои постојано ги намалуваат трошоците. Во реалноста, веќе ниедна работа не е сигурна и за сите времиња. Ова е уште една причина за континуирано учење и усовршување.

greshki-vo-kariera-1939-ps1

Извор: Pixabay

Не поминуваат време на работа дружејќи се со помладите колеги

Иако можеби мислите дека немате многу заедничко со колеги кои се неколку децении помлади од вас, важно е да знаете како да го споделите работниот простор со нив на некој начин.

Немaат стратегија за излез или план за пензија

Околу 48 проценти од нив нема да бидат во можност да ги обезбедат основните трошоци по заминувањето во пензија. Ова го отвора прашањето, што и како да се промени за да се подобри оваа ситуација?

Не сакаат да учат од помладите

Постарите вработени често се сеќаваат на своите стари учители. Теоретичарот за лидерство во бизнисот, Роберт Диленшнајдер, вели дека младите работници се многу способни и снаодливи не само во светот на новите технологии, туку и во пренесувањето на бизнис пораки. Тој сугерира дека нивните постари колеги треба да ги следат и поддржуваат во тоа. Најдобрата работна средина е онаа во која вработените учат едни од други.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.