вештачка интелигенција

Повеќе

Google ја претстави Doppl – експериментална апликација која може целосно да го промени начинот на кој купуваме облека онлајн. Doppl користи вештачка интелигенција, целосен портрет на твоето тело и фотографии од облека за да создаде дигитална верзија од тебе, подготвена да проба секоја можна комбинација без да излезеш од дома.
YouTube тестира две нови функции базирани на вештачка интелигенција кои би можеле радикално да го променат начинот на кој пребаруваме, консумираме и комуницираме со содржината на платформата.
Истражувачи од Масачусетскиот институт за технологија (MIT) развија напредна алатка базирана на вештачка интелигенција, наречена Mirai, која може да предвиди ризик од рак на дојка врз основа на мамограм – и тоа дури пет години однапред. За разлика од досегашните системи, Mirai функционира подеднакво ефикасно без разлика на земја, возраст или тип на тело на пациентката, комбинирајќи анализа на слики со лични податоци како што се години и семејна историја на болести.
Според најновото меѓународно истражување во областа на односи со јавност, поврзувањето со личности како Илон Маск и неетичката употреба на вештачката интелигенција се идентификувани како клучни фактори што можат сериозно да го нарушат угледот на брендовите во дигиталното опкружување.
Коосновачот на Microsoft и милијардер, Бил Гејтс, предвидува дека вештачката интелигенција ќе ги трансформира основните јавни услуги со решавање на хроничниот недостиг на медицински професионалци и наставници. Зборувајќи во подкастот People by WTF, тој рече дека вештачката интелигенција може да ги пополни клучните празнини на глобалната работна сила.
Microsoft претстави нова технолошка демонстрација на вештачка интелигенција преку легендарниот наслов на играта Quake II, чие ниво е генериранo со помош на ВИ модел. Иако претставува голем исчекор кон иднината на гејмингот, сепак демото доаѓа со одредени технички ограничувања, поради што компанијата го нарекува експериментален.
All articles loaded
No more articles to load