Google лансираше експериментална апликација за пробување облека

Google ја претстави Doppl – експериментална апликација која може целосно да го промени начинот на кој купуваме облека онлајн. Doppl користи вештачка интелигенција, целосен портрет на твоето тело и фотографии од облека за да создаде дигитална верзија од тебе, подготвена да проба секоја можна комбинација без да излезеш од дома.

google-3866-fi

Извор: Google/ Doppl/ Screenshot

Доволно е да се сликаш од глава до пети, а потоа да ги внесеш фотографиите од посакуваните парчиња облека, без разлика дали се преземени од веб-страница на бренд, Instagram стори или screenshot што ти го пратил другар. Потоа, Doppl генерира статичен приказ каде што можеш да видиш како таа комбинација би ти стоела, а следниот чекор е кратко AI видео: твој виртуелен аватар во движење, облечен во тој аутфит.

Google ја комбинира вештачката интелигенција со потрошувачките навики

Со овој концепт, Google отиде чекор понатаму од обичните филтри и класичните виртуелни пробни кабини. Новата апликација ја комбинира технологијата на генеративна вештачка интелигенција со навиките на дигиталното купување. Корисниците можат да ги зачуваат своите омилени стилови, да креираат галерии со комбинации и директно да ги споделуваат со пријателите, па дури и заеднички да одлучуваат што да купат.

Апликацијата засега е достапна само во САД, за Android и iOS, а од Google Labs нагласуваат дека ова е само почеток: прикажувањата сè уште не се совршени, малите детали и кроеви може да бидат малку „испеглани“ во реалноста, но идејата за дигитален плакар што ги знае твоите мерки веќе сега фасцинира, објави TechCrunch.

Модната индустрија и е-трговијата со години експериментираат со технологии за „виртуелни пробни кабини“, но Google Doppl покажува дека комбинацијата од моќна вештачка интелигенција и едноставно корисничко искуство може да отвори целосно нов простор за дигитално купување. Ако експериментот се покаже успешен, пробните кабини во продавниците наскоро би можеле да добијат сериозна конкуренција, да прејдат директно во твојот џеб.

Извор: Web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.